Алијанса за Албанците: Обвинител од ЕУ поради слуачите како „Рекет“


Партијата Алијанса за Албанците во соопшнтие до јавноста го повтори барање во државата да има обвинител од Европска унија како излез од ќорсокакот во правниот систем, а по повод видео-материјалот објавен на социјалните мрежи поврзан со случајот „Рекет“.

-Бараме, под итно да се превземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот и да се прошири истрагата. Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кои што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент” и други. Случајот ,„Рекет“ е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати, додека видео-матерјалот кој што е објавен денеска го потврдува тоа. Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за ,,Обвинител од ЕУ” како решение за излез од ќорсокакот во кој се најде нашиот правосуден систем, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.