(ВИДЕО) Објавена втората „бомба“ во италијанскиот весник – „Случајот ја тресе владата во Скопје“

Под наслов „Случајот ја тресе владата во Скопје“, изутринава на страниците на италијанскиот весник, „Ла верита“ (вистина) објавен е нов материјал во врска со случајот „Поткуп“.

Во него најпрвин се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Орце Камчев во кој Бојан бара објаснување зошто парите се во апоени од по 50 евра, а не повеќе, изразувајќи сомнеж да не станува збор можеби за некаква местенка. На тоа Камчев одговара дека во банка не можел да најде поголеми новчаници.

Боки во разговор со Камчев бара уште една средба, а за време на овој разговор се слуша и женски глас, којшто му вели на Камчев – „не се секирај, сѐ ќе биде во ред„!