Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вели дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ .

-Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има планирано дејствија како ќе се води постапката и согласно тоа ќе се води постапката, вели Јовески одговарајќи на прашањето како ќе продолжи постапката за „Рекет“.