Моќта го прави стилот или стилот е моќ: Како е во светот, а како е кај нас?


Дали моќниот човек по автоматизам има стил или стилот на облекување и живеење го прави моќен? Дали моќта претпоставува луксузни модни парчиња и живот на висока нога по секоја цена, или зависи од карактерот на моќникот? Дали моќните мораат да внимаваат што ќе облечат и што ќе кажат за да не ја разочараат јавноста или …

Моќта го прави стилот или стилот е моќ: Како е во светот, а како е кај нас? Read More »

Криминалот во сенка на обвинителите


Судските процеси што ги води Специјалното јавно обвинителство продолжија по судската ферија. Неделава имаше неколку рочишта за „Титаник“ за изборните нерегуларности што ги правеле функционерите од поранешната власт, и рочиште за ТНТ. Но, по аферата со милионите во која се споменува и името на специјалната обвинителка Катица Јанева, криминалите на претходната власт ги потиснаа изјавите …

Криминалот во сенка на обвинителите Read More »

(Видео) Рустеми: Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата


Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, по неговото двочасовно сведочење во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. Рустеми е трет обвинител од СЈО, што е сослушан за случајот „Рекет“, откако од почетокот на …

(Видео) Рустеми: Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата Read More »

Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители и вели дека се работи за недоразбирање. – Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјавила Јанева за А1.он. Инаку, се очекува Јанева во …

Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите Read More »

Мораториумот ќе го смири УНЕСКО: Струга има повеќе дивоградби од Охрид


Градската депонија ќе се затвори за околу една година, за девет месеци ќе се повратат нелегално изградените плажи до Калишта, а кон крајот на 2021 година ќе почне рушењето на сите дивоградби во струшкиот регион. Дотогаш, прогласена е времена мерка за забрана на тврди градби. Ова се клучните поенти што Струга планира да ги спроведе …

Мораториумот ќе го смири УНЕСКО: Струга има повеќе дивоградби од Охрид Read More »

Општеството ги боде младите


Убиството на младото момче кое допрва требаше да живее, Никола Христовски, дејствува како студен туш во неподносливата зовриена општествена атмосфера. За жал, по којзнае кој пат тоа го запали алармот и го отвори прашањето дали воопшто некој води грижа за младите и какви се знаците кои, покрај нивниот животен пат, ги оставаат родителите. Информациите дека …

Општеството ги боде младите Read More »

Милионите што треба да ги врати Камчев се пресметани


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова, која стана еден од клучните сведоци и од чиј исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал, најверојатно ќе зависи и текот на истрагата за рекетираните или понудени милиони, пресметала колку штета направиле и колку пари треба да ѝ платат на државата обвинетите во „Империја“ на чело со бизнисменот …

Милионите што треба да ги врати Камчев се пресметани Read More »

Пендаровски: Изјавата на Заев непримерна, граѓаните и политичарите под голем притисок


Непримерна, со речник што може да навреди цели категории наши граѓани, вака претседателот Стево Пендаровски ја оцени изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа власт. -Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории …

Пендаровски: Изјавата на Заев непримерна, граѓаните и политичарите под голем притисок Read More »

Фатиме Фетаи се налути, ја испцула Катица и ја исплукала вратата на СЈО


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која беше една од обвинителките кои стоеја рамо до рамо со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева додека ги презентираа истрагите на Обвинителството, не успеаа да го задржи трепнието откако се врати од одмор и се соочи со својата шефица. Според нејзиното сведочење за „Независен весник“, откако Јанева ја …

Фатиме Фетаи се налути, ја испцула Катица и ја исплукала вратата на СЈО Read More »

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“


Бизнисменот Орце Камчев се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар, пишува „А1он“. Тој се повлекол од директорското место, од извршен член на Одбор на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. На негово место како директор на „Орка Холдинг“ доаѓа …

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“ Read More »

Шекеринска: Никој нема да добие политичка заштита


Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се сечени, лепени и монтирани. Кога ќе се види криминал, институциите реагираат и двајца се веќе во притвор. Кога за првпат излегоа некакви информации, не во јавност, премиерот го пријави случајот, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, …

Шекеринска: Никој нема да добие политичка заштита Read More »

Прогресивниот данок обилен, граѓаните подозриви за трошењето


Многу мал процент граѓани мисли дека државата разумно троши. Анкета покажа дека само 6 проценти од испитаниците се задоволни од тоа како државата располага со парите од граѓаните. Дури 85 отсто од испитаниците одговориле дека се донекаде или сосем незадоволни од начинот на трошење на собраниот данок. „Ова укажува дека скандалите со корупција, злоупотребите на …

Прогресивниот данок обилен, граѓаните подозриви за трошењето Read More »

Катица го закопа и новото СЈО?


Следната недела ќе има нова средба меѓу работните групи на власта и на опозицијата за да се испеглаат разликите околу законот за обвинителство. По паузата поради летните одмори, претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе седнат на маса, но сега во уште потешка политичка атмосфера отколку пред дваесетина дена. Аферата „Рекет“ и улогата на …

Катица го закопа и новото СЈО? Read More »

Бунт во мензата на Европскиот парламент


Вработените во Европскиот парламент се бесни поради тајното зголемување на цените во мензата кои, велат, дека ја оставила демократската институција на ЕУ со најмалку демократско мени за ручек. Зголемувањата, извршени во последните денови додека повеќето европратеници и персоналот на парламентот се на одмор или работат надвор од Брисел, се за 25 проценти или повеќе – …

Бунт во мензата на Европскиот парламент Read More »

Заев: Се кочи разрешувањето на Јово Вангеловски


По обвинувањата на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, дека премиерот Зоран Заев барал од него да се смени претседател на суд, Заев во изјава за медиумите открива дека некој во Судскиот совет, алудирајќи на членовите избрани по предлог на ДУИ, го кочат, односно одолговлекуваат носењето на одлука за разрешување на претседателот на Врховен суд, Јово …

Заев: Се кочи разрешувањето на Јово Вангеловски Read More »

Сите обвинители од СЈО ќе „пеат“ за „Рекет“?


Обвинителот кој го води случајот „Поштенска банка“, Бурим Рустеми е третиот обвинител од Специјалното јавно обвинителство кој ќе оди да даде исказ пред своите колеги од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителката Вилма Русковска вчера се врати од одмор и, според нашите неофицијални информации, наводно на распит ќе ги повика сите обвинители …

Сите обвинители од СЈО ќе „пеат“ за „Рекет“? Read More »

Трагедија во Ново Лисиче – Еден нож зацрни две семејства


Маалската нетрпеливост меѓу тинејџери кои ги минувале деновите од распустот во Ново Лисиче, заврши со убиство на седумнаесетгодишниот Никола, син единец и ученик во средното училиште „Владо Тасевски“. Половина час по полноќ викање и пцуење ги вознемирило жителите на улицата „Февруарски поход“. Клупите на кои до пред неколку часа седеле со своите соседи додека нивните …

Трагедија во Ново Лисиче – Еден нож зацрни две семејства Read More »

Заев: Нема да дозволиме криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата


Сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви. Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите …

Заев: Нема да дозволиме криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата Read More »

Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија


Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје од 7 август годинава, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција во Србија на лицето Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово. – Во …

Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија Read More »

Заев: Секој што е инволвиран ќе си одговара


Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги. – Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денес оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали …

Заев: Секој што е инволвиран ќе си одговара Read More »