Дваесет и четири години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров


Пред 24 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени […]

Руте: Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија


Германија – Холандија е помалку загрижена за Северна Македонија, а повеќе за Албанија, во однос на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Тој синоќа во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата. […]

Нема веќе градење покрај Охридско Езеро


Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион е подготвен и денеска треба да биде објавен на веб-страниците на трите општини во регионот (Охрид, Струга, Дебрца), како и на веб-страниците на Министерствата за култура и за животна средина. Со тоа што нацрт-планот ќе биде достапен за стручната и пошироката јавност, предвидени се […]

Француската одлука за преговори со Северна Македонија ќе ја носи лично Макрон


Нема напредок во заедничката позиција на Европската унија за одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Франција сѐ уште нема конечен став, се чека на претседателот Макрон лично. Од Советот на ЕУ за МИА информираат дека не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и Албанија на денешниот амбасадорски совет во […]

Поранешните членови на ДИК се вдомуваат во Управен суд


Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по примерот на неговиот колега Субхи Јакупи кој долго време беше член на ДИК, конкурирал и на денешната седница на Судскиот совет е избран за судија во Управниот суд. Како што јавува Нова ТВ, за Чичаковски гласаа 11 членови на Судскиот совет. Дел од членовите рекоа дека […]

Пендаровски и Ѓукановиќ: Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот


Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот во која се вклучени и Северна Македонија и Црна Гора претставува враќање на голема врата на САД во регионот, оценија на денешната прес-конференција во Скопје  претседателите на двете држави Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ. Ѓукановиќ нагласува дека посетата е на линија на зголеменото присуство на САД […]

Уште една шанса за Јанева да излезе од притвор


Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева има уште една шанса пред судовите да излезе од притвор во Шутка. Нејзините адвокати пред неколку дена, односно на 26 септември, три дена откако обвинителката Вилма Русковска ја затвори истрагата за нејзе, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација од три стана за […]

Пендаровски: Нема најава дека Бугарија ќе не блокира за преговори со ЕУ


Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“. Според него, бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како […]

Вилата „Водно“ откри: Кој го чува грбот на Пендаровски?


Високите државни почести денеска за претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во вилата „Водно“ откри кој го чува грбот на македонскиот претседател и воедно врховен командант Стево Пендаровски. Тоа е првата жена-аѓутант во нашата историја на оваа должност, полковник Билјана Блажевска, промовирана на оваа функција на 18 август, на Денот на Армијата. Полковник Блажеска била […]

Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Пендаровски и Ѓукановиќ


Македонскиот претседател Стево Пендаровски (56) својот прв висок гостин од негов ранг , црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ (57) го пречека на високо ниво, најелитно и највисоко во Скопје- на Водно, со црвен килим. Целиот сообраќај утрово во главниот град беше закрчен заради важната посета, а небото го надлетуваше и хеликоптер. Со стилот, покажаа висока дипломатија. […]

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори


Сведоци сме колку важни чекори направи вашата Влада кон остварување на целта за пристапување кон Европската унија. Ги следиме сите настани особено во областа на владеење на правото, има отворени случаи и работиме на нив. Проширувањето е важен чекор напред во Европската унија и се надевам дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел […]

Милан Јазбец: Северна Македонија заслужува почеток на преговорите сега, денес, во овој момент


Република Северна Македонија, сега, денес во овој момент заслужува почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави денеска во Битола словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец. Словенија на претстојниот самит на Европскиот совет ќе даде директна поддршка за почеток на преговорите за зачленување на Северна Македонија во Унијата, а словенечкиот премиер Марјан Шарец тоа ќе […]

Пописот влезе во кривина


Кон крајот на неделата, работните групи на власта и на опозицијата би требало уште еднаш да седнат за да видат дали може да се договорат околу пописот. Статистичката операција најавена за идната пролет и натаму е неизвесна затоа што владејачките партии не сакаат да ризикуваат бојкот од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, а во белиот дворец инсистираат […]

ДКСК не може да дознае колку функционери има во државата


Државната комисија за спречување на корупцијата нема точен податок за бројот на функционерите и за нивната имотна состојба бидејќи раководните лица на институциите и органите кои вршат избори и именувања и се должни да доставуваат образец со податоци – не ги доставуваат редовно. Ова го покажува извештајот на „Транспарентност Македонија“ за работата на Комисијата во […]

Сомнителни вработувања во АНБ или одмазда на избришаните од УБК


Формирана со консензус меѓу власта и опозицијата, новата Агенција за национална безбедност за неполн месец се соочува со првата криза во функционирањето, како резултат на т.н. ветинг во УБК, односно процесот на преземање кадри од безбедносната служба која беше идентификувана како главен извор на политичките кризи во земјава. Аферата со масовното прислушување ѝ пресуди на […]

Силни пораки од самитот на „Економист“: Датум за преговори или ЕУ ќе ја загуби кредибилноста


Датум за преговори со Северна Македонија или ЕУ ќе ја загуби кредибилноста – беше заедничката порака на сите учесници на самитот на „Економист“ што се одржа вчера во Скопје. Генерално преовладуваше уверувањето дека овој пат е мал просторот за негативен одговор, но германскиот политичар и долгогодишен инсајдер во ЕУ, Мартин Шулц, предупреди дека кога ЕУ […]

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Северна Македонија


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска и утре престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е […]

Османи: Ако ЕУ не одговори позитивно на напредокот на Северна Македонија, ќе го поткопа својот кредибилитет


Доколку Европската унија не одговори позитивно на напредокот на Северна Македонија, ќе го поткопа сопствениот кредибилитет, ќе ја загрози европската перспектива на регионот, а со тоа и самиот процес на проширување, онаков каков што го знаеме, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на Самитот на „Економист” на тема „Зајакнување на моментумот за европска […]

ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од комисијата за селекција на кадри од УБК во АНБ


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков поднесе оставка во  Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност. Оставката ја доставил до премиерот Зоран Заев, со оглед на тоа што оваа Комисија се формира со одлука на владата, согласно со Законот за АНБ, а во неа како […]

Пападимулис: Позитивниот моментум во регионот не смее да се испушти


Потпретседателот на Европскиот парламент Димитриос Пападимулис денеска побара од Европскиот совет да ги почне преговорите со Северна Македонија и Албанија, истакнувајќи дека овој позитивен моментум во регионот не смее да се испушти. -Владата на Северна Македонија докажа дека е посветена на ЕУ и ја покажа својата храброст да напредува во важните реформи. Со години истакнувавте […]