Фатиме Фетаи се налути, ја испцула Катица и ја исплукала вратата на СЈО

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која беше една од обвинителките кои стоеја рамо до рамо со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева додека ги презентираа истрагите на Обвинителството, не успеаа да го задржи трепнието откако се врати од одмор и се соочи со својата шефица.

Според нејзиното сведочење за „Независен весник“, откако Јанева ја примила поканата која ѝ ја испратила обвинителката, Вилма Русковска, дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката се вратила од пауза и полицаецот ја стопирал за да ја провери, бидејќи имало таква наредва за сите вработени, без исклучок.

„Ја испцув гледајќи накај нејзе горе, но беше отидена. На излез само ја исплукав влезната врата од СЈО. Јас сум во шок. По толку малтретирања и закани од колегиумот во понделеникот, дека ако Јанева пропадне, сите ќе нѐ повлече, ова е претерано“, вели Фетаи за „Независен весник“.

Јанева како една од личностите кои се слушаат во разговорите кои беа објавени меѓу Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, во вторник конечно ќе се појави на распит во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

За случајот рекетираните или понудени милиони кои Камчев му ги дал на Боки 13 за да ја купи својата слобода за случајот „Империја“, засега во притвор се само Боки и Кичеец. Истрагата продолжува и во тек е распит на сведоци, а идната недела најверојатно ќе се знае дали Јанева ќе остане само вмешана или ќе стане осомничена.(Ф.Ф.С.)