Димитров: Одлуката на ЕУ за земјава е наше рандеву со историјата


Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку се она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не […]

Боки 13 утре ќе дава исказ во Обвинителство


Утре на пладне, првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, со полициска придружба од затворот во Шутка треба да биде донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од Обвинителството. Увидот во доказите заврши и утре за прв пат Јовановски треба да даде исказ во Обвинителството. Засега […]

Додека Османи се прави инспектор: Ни слика ни тон од новите министри на ДУИ


Во паузата меѓу две лобирања за датумот за преговори со ЕУ, вицепремиерот Бујар Османи деновиве тргна повторно во инспекциски надзор, слично како минатиот пат, кога проверуваше дали се спроведува новиот Закон за употреба на јазиците, а заврши со казна за сообраќаен прекршок. Овој пат Османи објави видео на својот фејсбук-профил, каде што наведе дека ја […]

САД се враќаат на голема врата на Балканот


Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот, вклучително и тоа што таа се поклопи со објавата дека претседателот Трамп го именува актуелниот амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренел, за специјален пратеник во преговорите меѓу Србија и Косово, несомнено сведочи за враќањето на голема врата на САД на Балканот. Помпео за два дена […]

Рубенс Корубин за „Независен“: Сликам, значи живеам


Каде е Рубенс? Во ателје. Што прави? Се радува на сликањето. Ова е секојдневието на нашиот соговорник Рубенс Корубин, за кое знаат само семејството и најблиските пријатели. Утревечер, од 20 часот, во Чифте-амам, целата македонска јавност ќе ја види јубилејната изложба со која авторот одбележува седумдесет години живот и четириесет и пет години од дипломирањето […]

Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово


Косово – Двете досегашни опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), победија на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Врз основа на 99,6 отсто од преброените гласови, партијата на Албин Курти, ВВ, […]

Есенски моден изглед: Каролина знае најдобро


Поп-ѕвездата Каролина Гочева (38) го поднови гардероберот со нова спортска елегантна комбинација во боја на есента, на шпански моден бренд. Елегантен костим во ефектна портокалова боја, искомбиниран со мантилот, чантата и обувките во боја на ќерамида- полн погодок! Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не […]

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка


Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед со цел да се спасат повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11-та розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА […]

БЕГ ќе ја отвори предвреме грејната сезона – од утре топли радијатори


Грејната сезона за скопјани приклучени на системот на БЕГ почнува утре, поради падот на надворешните температури, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15. октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или […]

Герберих : СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен


Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Ова во интервју го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо […]

Градските власти се откажуваат од јужната обиколница


Јужната обиколница, која требаше да се гради во подножјето на планината Водно и да го растовари сообраќајот во тој дел од градот, нема да влезе во новиот Генерален урбанистички план за Скопје, кој ќе важи од 2022 до 2032 година. Ова го најави  градоначалникот Петре Шилегов, посочувајќи дека Скопје треба да биде зелен град, со […]

Ројтерс: Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија


Според информациите на Ројтерс Германија предлага одвојување на Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15-ти октомври. -Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние се обидуваат да ги приближат балканските земји […]

Интервју Петар Богојевски: Тие што не можат да испорачаат успех, се служат со дисквалификации


Господине Богојевски, постои впечаток за вас дека сте во перманентен судир со членовите на ВМРО-ДПМНЕ… -Таков впечаток се добива во јавноста поради злоупотребата на социјалните мрежи за ширење на говор на омраза. Вистината е дека членовите на партијата се разумни луѓе кои сакаат да видат успех. Оние кои не можат да испорачаат таков успех, се […]

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката […]

Институциите креваат раменици: Никој не знае кој ја компромитира истрагата за „Рекет“


Информацијата дека исказот на второосомничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се нуди на продажба фрли нов сомнеж на истрагата која во затвор ја однесе и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева. Адвокат на еден од осомничените во Обвинителството пријавил дека непознато машко лице од непознат број му го нудел на продажба исказот на Кичеец, што обвинителката […]

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео


Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Северна Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот. Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по вечрашните разговори во Охрид […]

Помпео ја заврши посетата, од Охрид отпатува за Атина


Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја заврши еднодневната официјална посета на земјава и попладнево од Охрид замина за Атина. На охридскиот аеродором „Св. Апосотол павле“ беше испратен од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Помпео денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на […]

Грацијано: Северна Македонија направи се што од неа се побара за ЕУ


Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа, но вели дека […]

Заев-Помпео: Силна поддршка од САД за старт на преговорите со ЕУ


Проекцијата за развој на соработката меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава, беа доминантана тема на средба доминантна тема билатералната средба на премиерот Зоран Заев со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во состав на делегацијата […]

Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија


Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид. Помпео го поздрави, […]