Есенски моден изглед: Каролина знае најдобро


Поп-ѕвездата Каролина Гочева (38) го поднови гардероберот со нова спортска елегантна комбинација во боја на есента, на шпански моден бренд.

Елегантен костим во ефектна портокалова боја, искомбиниран со мантилот, чантата и обувките во боја на ќерамида- полн погодок!

Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не ја прави да изгледа постара и посериозна. Благодарение и на нејзината екипа која се грижи за нејзиниот стајлинг.

Брендовите пак во Македонија се тепаат за неа како заштитно лице и не се вознемируваат што ја гледаме насекаде и што не е никому ексклузивец. Велат, доволно е популарна и убава, и си има своја естрадна и модна публика.

Фото: Ани и Дими