Поднесен обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои и Стевчо Јакимовски


По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Како што соопшти Јавното обвинителство, со дејствијата опишани во обвинителниот акт првообвинетиот се товари …

Поднесен обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои и Стевчо Јакимовски Read More »

ВМРО за Јанчев: Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките


ВМРО-ДПМНЕ не сака да прави голема врева од фактот што кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, кој е од нивните редови, присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци. „Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Независен весник“. Јанчев, кој по ланскиот референдум за името беше разрешен од потпретседателското место …

ВМРО за Јанчев: Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките Read More »

Колку ни се богати градоначалниците?


Гостите на свадбата на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, по сè изгледа не штеделе многу кога дошло до свадбените подароци. Политичари, владини функционери, бизнисмени и медиумски претставници вкупно подариле околу 30 илјади евра на младоженците на свадбената церемонија одржана на 21 септември минатата година. Во април годинава, Богоев пријавил промена во својата имотна состојба, …

Колку ни се богати градоначалниците? Read More »

Палмер: Европската перспектива ја разјаснивме тука, ќе го разјасниме и со европските партнери


 САД се пријател и партнер на Северна Македонија и остануваат поставени на унапредување на односите со земјата и на нејзината европска интеграција, во која се вклучени и двата процеса, членството во НАТО и во Европската унија. Ова е пораката што за време на престојот во Скопје ја испратил специјалниот претставник на американскиот државен секретар на …

Палмер: Европската перспектива ја разјаснивме тука, ќе го разјасниме и со европските партнери Read More »

Џафери и Заев во расчекор за изборните рокови


Дали заокружувањето на Протоколот за НАТО може да влијае за одложување на парламентарните избори или, пак, одржувањето на изборите на 12 април може да биде причина за пролонгирање на официјалното зачленување на Македонија во Алијансата? Главните носители на извршната и на законодавната власт во земјава деновиве настапуваат со различни ставови околу тоа кога треба да …

Џафери и Заев во расчекор за изборните рокови Read More »

Парламентот се распушта на 11 февруари, ќе се ратификува ли Протоколот за НАТО


Претседателот на Собранието најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари или 60 дена од одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април. Со тоа се отвора дилемата дали земјава ќе има функционален парламент за да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. Според првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, не постои …

Парламентот се распушта на 11 февруари, ќе се ратификува ли Протоколот за НАТО Read More »

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија


За осум денари се зголемува вредноста на капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, беше истакнато на прес-конференција во Владата на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани. Заев рече дека за ова зголемување на капитацискиот бод …

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија Read More »

Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечнo 7.000 денари за кирија


Секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, од 1 март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за таканаречната закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, истакна денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа посочи дека новото решение предвидува апсолутно користење …

Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечнo 7.000 денари за кирија Read More »

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна


Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто …

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна Read More »

Новиот претседател на ЕП ја одбра Македонија за неговата прва официјална посета вон ЕУ


Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли в понеделник и вторник ќе престојува во Македонија, што ќе биде негова прва официјална посета на некоја држава надвор од ЕУ откако стапи на функција ова лето. Тој доаѓа со порака до земјава, но и до Албанија, дека треба да останат на европскиот пат и покрај пречките кои …

Новиот претседател на ЕП ја одбра Македонија за неговата прва официјална посета вон ЕУ Read More »

Села чека Касами и Гаши да се смират, за Тачи не сака да чуе


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села чека скараните другари од БЕСА – Билал Касами и Африм Гаши да ги надминат недоразбирањата, а потоа сите заедно да влезат во битка за соборување на ДУИ од власта. Во евентуалната коалиција против интегративците би имало место за сите, освен за ДПА на Мендух Тачи, кого Села го …

Села чека Касами и Гаши да се смират, за Тачи не сака да чуе Read More »

Никој не го контролирал Игор Спасов додека се лекувал


Ниту една институција не го контролирала осудениот специјалец Игор Спасов додека бил на слобода, односно додека имал прекин на издржувањето на затворската казна поради здравствени проблеми. Единствено имал обврска секој месец да доставува медицинска документација до судијата за извршување санкции во штипскиот суд, неговиот роден град. Сите институции, сепак, се правдаат дека постапиле законски и, …

Никој не го контролирал Игор Спасов додека се лекувал Read More »

(Фото) Мода и дипломатија: Ревија „Мејд ин Маседониа “ во Скопје


Македонската мода претставена преку домашните модни куќи синоќа во Скопје ги спои македонската традиција, дизајн и култура со дипломатијата која препознава убавина, љубезност и гостопримство во Македонија, а не само политика. На мал простор , но значаен како настан, со многу публика од културната и модната фела, амбасадори и аташеа како и преставници од меѓународната …

(Фото) Мода и дипломатија: Ревија „Мејд ин Маседониа “ во Скопје Read More »

Гласањето му го „украде“ терминот на пребројувањето


Македонија нема среќа со пописот. Или се одложува или пропаѓа. Затоа, пак, добро ѝ оди со изборите. Се гласа речиси секоја година. Така, според најавите, ќе биде и во 2020 година, кога ќе се одржат исто така јубилејните десетти парламентарни избори, кои му го „украдоа“ терминот на пописот, кој првично беше планиран за април следната …

Гласањето му го „украде“ терминот на пребројувањето Read More »

Палмер: Дојдов да ја потврдам поддршката од Америка за Северна Македонија


Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој денеска престојува во Скопје, порача дека е дојден за да ја пренесе поддршката од САД за Македонија, а потоа продолжува за Приштина, Белград и Атина. – Задоволство ми е што сум повторно во Скопје, да ги видам пријателите и да разговарам за …

Палмер: Дојдов да ја потврдам поддршката од Америка за Северна Македонија Read More »

Пописот се одложува за една година


Наместо во април следната година, пописот на населението и домаќинствата во земјава би се одржал во 2021 година, која е пописна година и во земјите-членки на ЕУ. Од Државниот завод за статистика соопштија дека ќе дадат предлог до Министерството за правда, како предлагач на законот за попис,  спроведување на операцијата  да се пролонгира за април …

Пописот се одложува за една година Read More »

Димитров: Да сум на место на ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да изговорам ЕУ


Како политичка дрскост  и срам,  министерот за надворешни работи Никола Димитров  ги оцени критиките од ВМРО-ДПМНЕ  за недобивањето датум за преговори со ЕУ, на расправата што почна денеска во собраниската Комсија за европски прашања за неуспехот на Македонија на ЕУ-самитот во Брисел. Димитров го впери прстот во опозициската пратија за неуспехот да се усвои законот …

Димитров: Да сум на место на ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да изговорам ЕУ Read More »

Заев очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов


Премиерот Зоран Заев очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски. Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека институциите постапиле согласно законот и оти биле запазени сите процедури. – Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Институциите постапуваат согласно законот, секако и во делот на правото …

Заев очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов Read More »

Мицкоски ќе обединува со македонизам


В четврток во Вевчани и в сабота во Куманово, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ќе ги предводи собирите на ВМРО-ДПМНЕ во кампањата „Обнова за Македонија“. Слушајќи ги маките на жителите и трагајќи по решенија за нивните проблеми, кои по Нова година ќе бидат преточени во изборната програма на партијата, Мицкоски, веројатно уште еднаш ќе го …

Мицкоски ќе обединува со македонизам Read More »

Две третини од Французите сметаат дека Макрон е лош претседател


Вкупно 65 проценти од Французите се незадоволни од работата на францускиот претседател Емануел Макрон, покажа најновата анкета на ИФОП ФИДУЦИЈЛ за Суд Радио и СЊуз. Во април 2018 година овој број изнесувал 58 отсто. Исто така 63 проценти сметаат дека претседателот не ги исполни ветувањата од неговата предизборна кампања, односно 72 отсто не се задоволни …

Две третини од Французите сметаат дека Макрон е лош претседател Read More »