Димитров: Да сум на место на ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да изговорам ЕУ


Како политичка дрскост  и срам,  министерот за надворешни работи Никола Димитров  ги оцени критиките од ВМРО-ДПМНЕ  за недобивањето датум за преговори со ЕУ, на расправата што почна денеска во собраниската Комсија за европски прашања за неуспехот на Македонија на ЕУ-самитот во Брисел.

Димитров го впери прстот во опозициската пратија за неуспехот да се усвои законот за јавно обвинителство, обвинувајќи ги дека барале сериозна политичка интервенција, поточно да кажат кој да суди, кого да суди и кој да го води обвинителство.

-Реалноста сега е подобра од можниот компромис за законот – рече Димитрова. Тој претходно ги наброја сите пропуштени возови за ЕУ поради заробената држава на ВМРО-ДПМНЕ и последниот во 2013 година, кога Србија доби датум за преговори, а ние не бидејки пратениците на тогашната опозиција насилно беа исфрлени од парламентот.

-Да сум на нивно мести би ми било срам да ги изговорам буквите ЕУ – рече Димитров, забележувајќи дека опозицијата очигледно не е подготвена да дебатира таму каде што не води комисија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби од ДУИ.

-Нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на владата. Ви посакувам пријатна забава денеска – рече Антонио  Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, каде што за утре е закажана седница со единствена точка на дневен ред: Извештај на министерот за надворешни работи Никола Димитров за спроведувањето на надворешната политика. (Н.В.)