„Очите солзат уште пред да се излупи“: Зошто кромидот е толку скап?


  Цената на кромидот урива рекорди – килограм од овој производ неопходен за секое традиционално јадење и за приготвување салати достигнува цена од 80, 90 па и 100 денари. Потрошувачите се збунети – никогаш порано кромидот не бил поскап од празот, кој чини околу 50 денари за еден врзоп, а се приближи до цената на …

„Очите солзат уште пред да се излупи“: Зошто кромидот е толку скап? Read More »

Нема да има ветинг ако нема меѓународна поддршка


  Без меѓународна поддршка, министерот за правда Кренар Лога не планира да спроведе ветинг во судството, иако лично смета дека мора да се спроведе.   „Во Министерството нема никаков документ поврзан за ветингот, нема ни буква ‘В’. Ние стоиме на ставот дека мора да има ветинг, но во овој ветинг мора да се вклучат ЕУ …

Нема да има ветинг ако нема меѓународна поддршка Read More »

Лога ќе го чека ВМРО-ДПМНЕ уште оваа недела да предложи експерти


  Министерот за правда, Кренар Лога, до крајот на оваа недела ќе ги чека ВМРО-ДПМНЕ да предложат експерти за вклучување во работните групи за уставни измени, а ако продолжат да тактизираат и не одговорат, работата ќе почне без нив. Сепак, Лога верува дека во главната опозициска партија ќе смогнат сили да се вклучат во овој …

Лога ќе го чека ВМРО-ДПМНЕ уште оваа недела да предложи експерти Read More »

Израел во хаос, Нетанјаху изгледа ќе ја замрзне судската реформа, синдикатите во масовен штрајк


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува денеска, понеделник, да објави дека го замрзнува владиниот план за поткопување на Високиот суд по бранот протести што избувна низ целата земја како одговор на неговото отпуштање на министерот за одбрана Јоав Галант поради повикот да се запре законодавниот процес. Извори на Ликуд рекоа дека загрозениот премиер, наводно, …

Израел во хаос, Нетанјаху изгледа ќе ја замрзне судската реформа, синдикатите во масовен штрајк Read More »

„Опасно и неодговорно“: НАТО го осудува планот на Путин за нуклеарно оружје


НАТО во неделата ја критикуваше Москва за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. „НАТО е буден и ние внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија што би нè навело да ја прилагодиме нашата сопствена“, рече …

„Опасно и неодговорно“: НАТО го осудува планот на Путин за нуклеарно оружје Read More »

Кој е за, а кој против уставни измени: Власта и опозицијата со сопствени математики


Меѓусебните обвинувања помеѓу власта и опозицијата околу тоа кој се би гласал за уставните измени и кој е за, а кој против членство во Европската унија, продолжија и викендов. Владејачките ДУИ и СДСМ тврдат дека сите пратеници од мнозинството, како и  пратеници од опозицијата ќе бидат за уставните измени кога процесот ќе влезе во Собранието, …

Кој е за, а кој против уставни измени: Власта и опозицијата со сопствени математики Read More »

Почнува летното сметање на времето


 Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.    Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.    Летното сметање …

Почнува летното сметање на времето Read More »

За „Плацеви на Водно“ Груевски доби 9 години затвор, одлучи Апелација. За Мијалков условна казна


  Апелацискиот суд во Скопје по одржаната јавна седница денеска ги соопшти пресудите во второстепената постапка за случајот познат како „Плацеви на Водно“. За поранешниот премиер и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, затворската казна, по жалбата на обвинителството е зголемена за две години и тој треба да одлежи во затвор девет години. Во однос на …

За „Плацеви на Водно“ Груевски доби 9 години затвор, одлучи Апелација. За Мијалков условна казна Read More »

Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси


  Дури 6 милијарди долари од  руски извори се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, тврди Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својата најнова анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва. Според анализата Македонија последните години е …

Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси Read More »

Макрон се соочи со силината на францускиот гнев


  Емануел Макрон ја почувствува целата сила на францускиот гнев во четвртокот додека демонстрантите се собраа низ целата земја за да го покажат своето противење на зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите тврдеа дека 3,5 милиони луѓе излегле низ целата земја, додека властите сугерираа дека бројката е многу помала, …

Макрон се соочи со силината на францускиот гнев Read More »

Бербок порача пратениците да мислат на иднината на Македонија, а не на партијата


  Аналена Бербок денеска од Скопје ја испрати пораката на Германија до македонските политичари и партии да не потклекнат пред важната пречка за забрзување на евроитегративниот пат и да ги изгласаат уставните измени. Германската министерка за надворешни работи на прес-конференцијата со нејзиниот македонски домаќин, Бујар Османи, рече: „Кога станува збор за спроведување на договореното и …

Бербок порача пратениците да мислат на иднината на Македонија, а не на партијата Read More »

Извесна е само неизвесноста: Што порачаа банкарите на средбата на Виенската иницијатива во Скопје


  Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежоска, денеска порача дека инфлацијата забавува, но дека со цел да се сузбие на среден рок, порастот на платите треба да се усогласи со порастот на продуктивноста. Зборувајќи на средбата на Виенската иницијатива во Скопје, на панелот посветен на клучните предизвици за носителите на политиките: Монетарната и фискалната …

Извесна е само неизвесноста: Што порачаа банкарите на средбата на Виенската иницијатива во Скопје Read More »

Не е точно дека пратеници од мнозинството нема да гласаат за уставните измени, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека не е точно оти има пратеници од владејачкото мнозинство, односно од СДСМ, кои се против уставните измени. Според него, тоа што го кажува опозицијата нема реална основа. Процесот на устави измени, вели Ковачевски, не може да биде процес на уцени и на дневна политика, туку тоа треба да …

Не е точно дека пратеници од мнозинството нема да гласаат за уставните измени, вели Ковачевски Read More »

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени


За само неколку месеци, системот за вештачка интелигенција ChatGPT донесе вистинска револуција – дава совети, пишува и лекторира текстови, помага при поправки на автомобили и многу повеќе. Познатиот американски есеист и повеќекратен добитник на Пулицерова награда Томас Лорен Фридман во својата најнова колумна за „Њујорк Тајмс“ се обиде да објасни што тоа може да значи …

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени Read More »

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне


  Денеска се потпиша договор меѓу Македонија и Европската инвестициона банка за 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица во Скопје. Со ова, за пречистителната станица во Скопје обезбедени се повеќе од 200 милиони евра, а таа стои неизградена затоа што Град Скопје, никако не може да избере изведувач и надзор на градежните …

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне Read More »

Кина не сака повеќе гас од Русија, Ши не го потпиша договорот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“


  Помпезно организираната посета на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Москва заврши без клучната одлука што Кремљ ја чека со години. И покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ши „драг пријател“ и зборуваше кинески наздравувајќи во неговото здравје, кинеската делегација не потпиша нов договор за купување руски гас и изградба на гасоводот …

Кина не сака повеќе гас од Русија, Ши не го потпиша договорот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“ Read More »

Бугарските клубови во Македонија се најдоа во извештајот на Стејт департментот за Бугарија


  Извештајот на Стејт департментот за човековите права го потврди она што како порака стигнува изминатите денови од Европската унија на редовна основа – дека Македонија има многу подобар однос кон етничките малцинства отколку Бугарија и што е поважно, дека никој не гледа системска дискриминација во однос на Бугарите во нашата држава, нешто на што …

Бугарските клубови во Македонија се најдоа во извештајот на Стејт департментот за Бугарија Read More »

Стејт департмент: Сериозна корупција и недолично однесување на судството во Македонија


  Сериозна владина корупција, недостиг на одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани за насилство врз новинари, злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон припадници на ЛГБТ-и заедницата –  се клучните забелешки за состојбите со човековите права во  Македонија во најновиот извештај …

Стејт департмент: Сериозна корупција и недолично однесување на судството во Македонија Read More »

Ескобар ја исфали Македонија како најуспешен модел за етничките права


  Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска на онлајн брифинг со новинарите од регионот ја пофали улогата на Македонија во постигнувањето на договорот меѓу лидерите на Србија и на Косово и посочи дека, иако не сака да прави аналогија со други историски настани, се надева дека Албин Курти и Александар …

Ескобар ја исфали Македонија како најуспешен модел за етничките права Read More »

Замрзнуваат цените на оризот и на јајцата, Владата утре ќе донесе одлука


  Утре на седница на Владата ќе се замрзнат цените на оризот и на јајцата, најави денес на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, Тој додаде дека замрзнатите цени ќе бидат на ниво согласно цените кои биле претходно во текот на овој месец. Со цел да се спречи недостиг на јајца на пазарот, особено во …

Замрзнуваат цените на оризот и на јајцата, Владата утре ќе донесе одлука Read More »