Јуратовиќ: Кога се губи пристојноста, потрагата по компромис станува сатира


Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) објави анализа на германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ за судирот во ЕУ со Полска и Унгарија околу владеењето на правото. Во анализата насловна како „Време е за јасни зборови и дела“ стои дека со полското и унгарското вето на таканаречената повеќегодишна финансиска рамка долготрајниот конфликт меѓу ЕУ и земјите-членки, кои би сакале да уживаат во економските придобивки на Унијата без да ги почитуваат владеењето на правото и демократијата –  достигна ново ниво на ескалација.

„Откако двете земји протестираа против предложената нова клаузула за владеење на правото, шефовите на држави и влади на преговарачкиот маратон веќе во текот на летото покажаа дека се многу омекнати во однос на претходните предлози на Европската комисија и Европскиот парламент. Така, се случи Варшава и Будимпешта да го блокираат не само европскиот буџет за следните седум години, туку и помошта за опоравувањето на економски погодените земји-членки со пандемијата Ковид-19.

Овој инцидент е продолжение на вознемирувачкото постојано отуѓување на двете земји од основните демократски вредности на европскиот проект и уште позагрижувачката толеранција заовие случувања од страна на другите земји-членки. Една деценија ЕУ и нејзините земји-членки де факто гледаа дека Виктор Орбан и неговите сојузници ја нарушуваат независноста на унгарското судство, градејќи систем на корупција и лична корист и дека во голема мера го става, некогаш разновидниот медиумски простор, под контрола на едно мислење.

Откако владата на ПиС ја презеде власта во 2016 година, Полска внимателно го следеше истиот пример, исто така во голема мера без последици, и покрај сите предупредувања за прекршување на правилата. Од време на време се споделуваа построги мерки, како резултат на формалните барања за едногласност на одлуките на Европскиот совет или во контекст на дискусиите во позадинтаа на назначувањето на Урсула фон дер Лејен за претседател на Европската комисија. Оправдувањето за ова однесување беше потребата за дипломатија во политичка заедница како што е ЕУ.

ЕУ помеѓу хуманизмот и егоизмот

Сепак, дипломатијата бара одредена основна подготвеност на обете страни да постигнат пријателско решение. Ова не е случај со Унгарија и Полска. Како и на многу нивоа на нашиот социјален и политички соживот, во моментов доживуваме фундаментален судир на два дијаметрално спротивни светогледа. Од една страна има хуманизам, кој се стреми кон напредок на човекот и ослободување од традиционалните структури кој се заснова на дијалог, просветлување и знаење. Европскиот проект беше мотивиран за ова по ужасите во првата половина на 20 век,а  искрата на таа идеја и денес живее во форма на Европската унија, и покрај сите непобитни дизајнерски недостатоци и противречности.

Од друга страна, денес сме сведоци на обновено заживување на егоизмот, кој не се фокусира на човекот како идеал, туку се обидува да ги искористи пониските инстинкти на масите за да ја зацврсти моќта на консолидирање на постојните односи на моќ. Целта на овој егоизам не е напредок, ниту е чекор назад од старите, наводно „христијански“ или „конзервативни“ вредности, туку само правото на посилните да прават и да го постигнат она што го сакаат.

Ова е светоглед на наводно нежните автократи, „нелиберални демократи“ како што се Виктор Орбан и Јарослав Качињски. Според нивното размислување, европскиот проект не претставува начин за создавање помирен, послободен и попросперитетен живот за сите граѓани на овој континент и светот, туку само средство за самобогатење и зачувување на моќта. Тоа што стои на патот кон таа цел, како што е владеењето на правото, во најдобар случај  е отежна борбена позиција која се зазема без оглед на загубата на другите.

Овој себичен светоглед е некомпатибилен со вистински одржливи компромиси. На краток рок, она што се чини дека е решение за конфликтот на површината, одблизу гледано е супстанца која се состои само од зборови кои можат да се повлечат без двоумење и без срам кога веќе не се корисни за сопствената моќ. Онаму каде што се губи почитта и пристојноста, дипломатијата и потрагата по хармонија, консензус и компромис стануваат сатира за себе.

Како одговор на унгарско-полската блокада, германското претседателство со ЕУ  имаше можност конечно да ја признае оваа сурова реалност и да донесе тешка одлука во нова, поинаква насока. Наместо да се пазариме уште еднаш на преговарачката маса за тоа колку треба да омекне вредносната основа на европскиот проект за да се почестат егоистите во Варшава и Будимпешта, можеше да се искористи оваа криза и стратешкиот ќор-сокак, во кој двете земји го маневрираа своето спротивставување на економските интереси на скоро сите други земји-членки, за да се тргне по нов пат напред. Поедноставно: Ако не сакате да играте во тим, ќе бидете исклучени од играта и може да продолжите да гледате од страна.

Лукас Гутенберг од Центарот „Белинер Жак Делор“ и Пјотр Бурас од Европскиот совет за надворешни односи во Варшава неодамна презентираа предлог на оваа тема што ја почитува правната рамка на ЕУ, истовремено покажувајќи им на Унгарија и на Полска дека тоа може да се направи без нив. Наместо да бидат уценувани со блокирање на целиот финансиски пакет и помошта за обновата, германското претседателство со ЕУ и Европскиот парламент требаше да остават да снема пари , а потоа да почнат нови преговори.

Договорот, всушност, не беше неопходен за да се осигура дека ЕУ ќе продолжи да функционира, бидејќи без договор за нов договор за финансирање пред крајот на годината сегашниот ќе беше автоматски продолжен, но без дополнување на пари во касата на програми за трошење, од кои Полска доби 63,1 милијарди евра во последните шест години, а Унгарија 27,3 милијарди евра.

Блеф од Полска и Унгарија

За жал сега успешен – блефот на Полска и Унгарија стана толку очигледен. Прво  економски се застрелаа во ногата со одржување на блокадата, а згора на тоа, земјите донатори и приматели на целиот континент се вознемирија. Во принцип, ова не би била привлечна стратешка перспектива дури и за егоисти како Орбан и Качински. Затоа, требаше да им се предизвика огромна болка во стомакот така што другите земји-членки ќе започнеа да преговараат за неизбежната алтернатива на инструментот за финансиска обнова и без двоумење ќе им ја ускратеа  деловната соработка.

Секако, оваа стратегија не би била можна и одржлива без политички и економски трошоци и ризици, можеби на краток рок повисоки од продолжувањето на сегашната политика на зависност од лажната хармонија.Сепак, на среден и на долг рок, ваквите  јасни зборови и јасни дела се несомнено единствениот начин европскиот проект да не ја изгуби целосно својата вредносна ориентација и прерасне во чист касапски сојуз околу субвенции и олеснување на трговијата.

Договорот што  е постигнат сега, кој целосно ги вади забите на  механизмот за владеење на правото – е применлив само ако средства на ЕУ се проневерени со кршење на владеењето на правото, додека нападите врз поделбата на власта и другите демократски принципи можат да продолжат непречено.Тоа е едно од обновените предавства пред егоистите, кое сигурно ќе донесе мир денес и ќе им овозможи на шефовите на држави и влади со демонстративна насмевка да ја доловат европската хармонија. Но, тоа не носи траен мир и единство. Ако преостанатите хуманисти на континентот сакаат да ја задржат ЕУ како центар на вистински човечки напредок, конечно на ова безнадежно улизување и потрага по компромиси со егоистите мора да му дојде крајот“.