Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1.430, најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останаа без своите домови, соопшти денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, објави Cи-Ен-Ен.
Тој додаде дека по двата главни земјотреси што ја погодија Венецуела во средата, земјата била погодена од најмалку 430 последователни потреси. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела ноќта помеѓу среда и четврток.
Американскиот геолошки завод објави дека станува збор за редок феномен познат како „дублет“, односно двоен земјотрес. По овие два земјотреса, регистрирани се најмалку 138 последователни потреси.
Многумина се водат како исчезнати или сè уште се заробени под урнатините, додека спасувачките екипи бараат преживеани дури и во текот на ноќта. Многу жители останаа без покрив над главата откако нивните домови беа срамнети со земја во пристанишниот град Ла Гваира, главниот град Каракас и околните области.