Британската полиција го ослободи приведениот маж, кој беше осомничен за убиството на Видикомб
Британската полиција го ослободи 26-годишниот маж, кој беше уапсен под сомнение за убиството на поранешната пратеничка и министерка за затворскиот систем, 78-годишната Ен Видикомб.
Полицијата во Девон и Корнвол соопшти дека мажот повеќе не е под истрага.
– Детективите продолжуваат да вршат голем број истраги како дел од тековната истрага и ние остануваме решени да ги утврдиме сите околности околу инцидентот, се наведува во полициското соопштение.
Видекомб пред два дена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во југозападна Англија.
Полицијата соопшти дека убиството не се третира како терористички напад и дека нема информации што укажуваат дека е политички мотивирано.
Видекам беше членка на Долниот дом од 1987 до 2010 година и имаше разни функции, вклучително и министерка за затворски систем, во конзервативната влада на премиерот Џон Мејџор.
Видекам се здоби со популарност откако го напушти парламентот и се појави во две ријалити емисии, подоцна се приклучи на Партијата Брегзит на Најџел Фараж, а потоа стана портпаролка на неговата новоформирана партија Реформа на Велика Британија.