Бебе родено во Косово доби име Нато, родителите пратија писмо до Алијансата
Нато Бериша е новороденче од Приштина кое на свет дојде пред три ден и тоа на годишнината од бомбардирањето на НАТО врз Србија.
Пранвера и Албани, мајката и таткото на малиот Нато Бериша, се горди на својата одлука, пренесе Telegraf.rs.
„Имаме намера да им пишеме на официјалните лица во НАТО и да им се заблагодариме за сѐ“, велат тие.
Инаку, во последно време меѓу косовските Албанци стана пракса на децата да им се ставаат имиња во врска со политички случувања.