Ангеловска е против „чепкањето“ во ДДВ


Министерката за финансии Нина Ангеловска смета дека во овој период не се потребни интервенции кај Данокот на додадена вредност како што тоа го направија некои земји кои ги намалија даночните стапки за да го заживеат стопанството. „Треба да бидеме многу внимателни за било какви промени кај Данокот на додадена вредност. Зборувам и од економска страна, …

Ангеловска е против „чепкањето“ во ДДВ Read More »

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти


Стапката на невработеност во еврозоната се зголеми за 0,1 процентни поени во мај, што се должи на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА. Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената евро-зона се зголемила на 7,4 отсто во мај – од 7,3 отсто во април. Стапката на невработеност …

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти Read More »

Заживува ли стопанството – минусот во Буџетот помал од очекуваниот


Вкупните приходи во Буџетот во јуни беа пониски за 9,6 отсто во однос на јуни минатата година, а во сценариото бевме подотвени за пад од 20 проценти, вели министерката Нина Ангеловска     Реализацијата на вкупните приходи во буџетот е подобра од очекувањата. Во јуни таа е пониска за 9,6 отсто во однос на јуни …

Заживува ли стопанството – минусот во Буџетот помал од очекуваниот Read More »

Џеф Безос го зголеми богатството, сега вреди рекордни 171 милијарда долари


Најбогатиот човек во светот – извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос стигна до нов, историски рекорд со својата финансиска состојба од 171,6 милијарди долари, објави „Блумберг“. Така, претходниот рекорд, постигнат на 4 септември 2018 година кога богатството на Безос изнесуваше 167,7 милијарди долари, сега е надминат. Тоа се случи благодарение на скокот на вредноста на …

Џеф Безос го зголеми богатството, сега вреди рекордни 171 милијарда долари Read More »

Адресните податоци за пратки со откупнина се задолжителни, предупредува Агенцијата за пошти


Евиденцијата за услугите со поштенските пратки со откупнина треба задолжително да ги содржи адресните податоци на примач и на испраќач, а отсуството на запис со целосни адресни податоци е непочитување на дозволата за работа и свесно помагање на сивата економија, и подлежи на санкции, укажува Агенцијата за пошти. Регулаторното тело на поштенскиот пазар констатира дека …

Адресните податоци за пратки со откупнина се задолжителни, предупредува Агенцијата за пошти Read More »

Голем интерес за дуалното образование – само уште десет слободни места во Велес


Нашиот пакет на услуги поврзани со реорганизацијата на глобалните синџири на добавувачи опфаќа различни услуги достапни и во дигитален формат, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја     Во рамките на дуалното стручно образование по германски модел, досега се пријавени 80 ученици за слободните места во паралелките за дуално …

Голем интерес за дуалното образование – само уште десет слободни места во Велес Read More »

Во Црна Гора лани странците купиле недвижности за 170 милиони евра, најмногу Русите и Србите


Во Црна Гора минатата година странците купиле недвижен имот во вредност од 169,99 милиони евра, што е за 12,6 милиони помалку од една година порано. Најголеми купувачи се Русите, Србите и Турците, покажуваат податоците објавени денеска од Централната банка. Минатата година, граѓаните на Руската Федерација тргуваа со недвижнини за речиси 39 милиони евра, што е …

Во Црна Гора лани странците купиле недвижности за 170 милиони евра, најмногу Русите и Србите Read More »

„Тесла“ ја надмина „Тојота“, повредна и од „Дизни“ и „Кока Кола“


Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од „Тојота“ „Тeсла“, компанијата за производство на автомобили на Илон Мaск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година. Според пазарната вредност, таа ја надмина „Тојота“ и стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тојота“ …

„Тесла“ ја надмина „Тојота“, повредна и од „Дизни“ и „Кока Кола“ Read More »

Инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, експресни патишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на 5 нови патнички возови, соопшти денес ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис секторот. Оттука ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе …

Инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, велат од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Шок од ЕУ за Србите – се надеваа на отворени граници, но…


И покрај препораката на Европскиот совет, Германија, Австрија, Словенија, скандинавските земји … една по друга донесоа решенија да ги задржат границите затворени за српските граѓани   Граѓаните на Србија се надеваа дека во согласност со препораката на Европскиот совет ќе можат да патуваат од денес во земјите на Европската унија, но наместо добра вест, од …

Шок од ЕУ за Србите – се надеваа на отворени граници, но… Read More »

Интегра: Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има


Средби со граѓани во Тетово вечерва остварија  кандидатите за пратеници од македонската конзервативна партија Интегра предводени од претседателот Љупчо Ристовски и носителката на листата во Шестата изборна единица, Виолета Србиновска. Партискиот лидер ја посочи програмата насоловена „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија“. – Мора да настапи новата македонска ренесанса бидејќи не се гледа крајот на …

Интегра: Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има Read More »

Црна Гора ги озакони истополовите бракови


Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за животно партнерство на лица од ист пол. За усвојување на Предлог-законот за истополово партнерство беа потребни 41 гласови „за“, а тој беше изгласан од 42 пратеници. Организацијата ЛГБТИ Форум усвојувањето на законот го оцени како историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТИ лицата во Црна Гора.

Брисел ја подготви преговарачката рамка за Македонија


Нацрт-преговарачката рамка сега оди кај државите членки на ЕУ и деталите од неа ќе бидат објавени кога тие ќе го усвојат документот, по што ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција   На првиот ден откако Германија го презеде претседателство со ЕУ, Европската комисија соопшти дека ги усвоила нацрт-преговарачките рамки за Македонија и Албанија, …

Брисел ја подготви преговарачката рамка за Македонија Read More »

„Вардар“ доби тешка група во Лигата на шампионите, еве го распоредот на натпреварите


Ракометарите на Вардар денес ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се во Група А со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка). Група Б ја сочинуваат: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб. Групната фаза започнува на 16/17 септември, …

„Вардар“ доби тешка група во Лигата на шампионите, еве го распоредот на натпреварите Read More »

Лукаревска: Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, направивме многу, а можеме и повеќе и подобро


Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, а СДСМ има јасна визија како да го продолжи патот на позитивни промени, затоа што направивме многу, а знаеме и можеме и повеќе и подобро, рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ 2, на средбата со граѓаните во Старо Нагоричане. На средбата со граѓаните оцени дека довербата се …

Лукаревска: Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, направивме многу, а можеме и повеќе и подобро Read More »

Богојески: Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта


Големо незадоволство од досегашните политики и досегашниот избор од помало и поголемо зло. Граѓаните се презаситени од празни изборни ветувања и немање избор. Тоа се основите пораки кои граѓаните во Скопје ги споделија со Петар Богојески, носител на листа на кандидати за пратеници од ИЕ1 за Македонски концепт. Граѓаните, се вели во соопштението од Македонски …

Богојески: Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта Read More »

Рекордни 47.000 позитивни на Ковид-19 во САД за едно деноноќие


САД одбележаа неславен рекорд со нови 47.000 случаи на Ковид-19, најголемо зголемување на ново заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, јавија американските медиуми. Најмногу нови случаи има во Аризона, Тексас и Калифорнија, иако има драстичен скок во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Растечкиот број на позитивни случаи на коронавирусот ширум САД го принуди …

Рекордни 47.000 позитивни на Ковид-19 во САД за едно деноноќие Read More »

Зијадин Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија


Предизборниот карван на коалицијата „Сега е време“ одржа два предизборни собири во Гостиварско, на кои присуствуваа лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“. При посетата на Дебреше, едно најголемите села во Гостиварско, Села го побара гласот за коалицијата за која, како што …

Зијадин Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија Read More »

МФ: Граѓаните од денеска скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда


Граѓаните од денеска скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), од денеска до крајот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари. Според Министерството, за да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата …

МФ: Граѓаните од денеска скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда Read More »

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица


НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. Почнувајќи од 01.07.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити …

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица Read More »