Зијадин Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија


Предизборниот карван на коалицијата „Сега е време“ одржа два предизборни собири во Гостиварско, на кои присуствуваа лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“.

При посетата на Дебреше, едно најголемите села во Гостиварско, Села го побара гласот за коалицијата за која, како што рече, ќе ги заштити интересите на Албанците и повика на фер изборен процес.

Во Гостивар во градскиот парк на отворено, Села и генералниот секретар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари имаа обраќања пред помладите сопартијци при што ја нагласија опасноста од комарот. Села вети дека ќе бара начин со кој казината кои се во близина на школите да бидат отстранети. Тој се осврна и на владеењето на ДУИ.

– Од ДУИ тврдат дека се реформирани, но тоа не го направиле и нема. Од друга страна, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива остануваат субјекти со најчисти личности кои никогаш не извалкаа рацете во криминал и корупција и докажаа дека можат да се управува поинаку ако им се даде можност. Така е со општината Гостивар и Министерството за културата. Сега е време овие срамни политичари да ја добијат казната што ја заслужуваат и да дојде новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија, рече Села.

Тој ја побара довербата на гостиварци за да им помогнат и да се дојде до промената и појасни дека со заокружување на бројот 5 коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе направат државата да биде за сите.