Лукаревска: Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, направивме многу, а можеме и повеќе и подобро


Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, а СДСМ има јасна визија како да го продолжи патот на позитивни промени, затоа што направивме многу, а знаеме и можеме и повеќе и подобро, рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ 2, на средбата со граѓаните во Старо Нагоричане.
На средбата со граѓаните оцени дека довербата се гради и се негуваи дека таква е политиката на СДСМ, отворено и одговорно со сите.
-Заедно работиме и ја градиме нашата иднина на еднкви граѓани, без национализми и поделби по било  која основа, со заемно почитување и со работа. Парите ги враќаме кај граѓаните преку корисни проекти за подобрување на  условите за живеење за сите, тоа е програмската определба на СДСМ и во следниот мандат, рече Лукаревска.
Истакнувајќи дека  преку директен поврат, на сметките на над 300 000 граѓани,  се вратени над 10 милиони евра, рече дека одат понатаму и дека го зголемуваат лимитот на поврат од Мој ДДВ од 600 на 800 денари месечно, или на 9 600 денари годишно.
-Со позитивна мерка ја намалуваме сивата економија за да има повеќе пари во  Буџетот за нови училишта, за детски градинки, за патишта, за водоводи, за се она што навистина им е потребно на граѓаните. Со домаќинско работење ќе има и повисоки плати, повисоки пензии, подобри услуги, поддршка на земјоделците, на младите луѓе. Уште повеќе ја зголемуваме поддршката за земјоделството и  руралниот развој, со 200 милиони евра на годишно ниво. Се грижиме за младите преку субвенционирана плата за секој нововработен во земјоделско стопанство помлад од 25 години, ја зголемуваме и поддршката за млад земјоделец од 10.000  на 20.000 евра, рече Лукаревска.