„Вардар“ доби тешка група во Лигата на шампионите, еве го распоредот на натпреварите


Ракометарите на Вардар денес ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се во Група А со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка).

Група Б ја сочинуваат: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб.

Групната фаза започнува на 16/17 септември, а ќе заврши на 3/4 март.

Новата сезона во Лигата на Шампионите нашиот ракометен шампион Вардар ја почнува во Брест, Белорусија.

Во првото коло од групата во ЕХФ лигата на шампионите, Вардар ќе гостува кај Мешков во Белорусија.

Според календарот првото коло е закажано за 16/17 септември.

Потоа следува домашен меч со Елверум на 23/24 септември.

Првиот дел од групната фаза на ЛШ тимот го завршува со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Распоред на натпревари – групна фаза:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар
6 коло, 28/29.10.2020, Вардар – Порто
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест

Тренерот на „Вардар“, Стевче Алушовски по денешната ждрпка во Лигата на шампионите изјави дека „црвено-црните“ се нашле во тешка група, каде нема лесен ривал.

– Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме, вели Алушоски.