Ново рочиште за „Талир“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради поднесено барање за автентично толкување во Собранието на членот 22 од законот за СЈО. Во случајот „Талир“ обвинети се […]

Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Смирете ја својата енергија и прифатете ги благородните совети од страна на блиските: говорете со убав тон и така ќе имате смирувачко влијание врз себеси  и другите. Тешкотиите низ кои минувате се со минлив карактер и иако мислите дека признанијата ви бегаат од раце, сепак ќе откриете дека постојат креативни солуции. Нови контакти. БИК: […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за продолжениот викенд


ОВЕН: Неверојатно но вистинито, ова е период кога вашата емпатија е нагласена и имате поголема сомилост кон блиските и саканите. Подобро одговарате на нивните потреби, дури и при потешките теми и разговори. Тука се и вашите пријатели кои ќе  помогнат со некој логичен совет и ќе ви дадат практични насоки за да ги исполните своите […]

Пит и Дикаприо на прес-конференција во Кан: Имаме одлична филмска врска


Франција – Холивудските ѕвезди Бред Пит и Леонардо Дикаприо изјавија дека изградиле филмска врска при снимањето на новиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, додека Тарантино се разгневил на сугестијата на Канскиот филмски фестивал дека ликот на Шарон Тејт одигран од Марго Роби не е доволно примарен лик во филмот. „Беше еднаш во […]

И судбината на Македонија зависи од европските избори


НАНО РУЖИН Во март 2012, една година пред приемот на Хрватска во Европската Унија, председателот на моќната француско-европска фондација “Робер Шуман“,  Жан Доминик Џулијани, се осврна со еден значаен текст кон идното проширување на Унијата. Тој порача “да се суспендираат новите проширувања се до реформите на Европската Унија“!. Притоа авторот ги таргетира позитивните ефекти на […]

И Кинотека ги отвора вратите за кучињата придружници


И Кинотека, по  Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија ги отвора своите врати за кучињата придружници на лицата со попреченост. – Апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување на свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници – наведува КИнотека на својата Фејсбук страница. Од […]

Рускиот пијанист Борис Березовски со два концерта во Филхармонија


Рускиот виртуоз на пијаното, еден од најбараните солисти на денешнината, Борис Березовски, во Скопје настапува на два концерта. Првиот, кој ќе се одржи на 29 мај во камерната сала на Филхармонија во 20 часот, е негов рецитал, кога ќе настапи со изведба на дела од Шуман (Пијано квинтет во Es-dur, оп. 44), Балакирјев („Исламеј“ оп. […]

Бизнис заедницата испорача 78 мерки до Владата


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата “ достави пакет од 78 мерки во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. Претседателката на ССК Данела Арсовска ги информира премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за 78 мерки, […]

Колони автомобили на влезот во Скопје, се санираат ударни дупки


Блокиран е сообраќајот на влезот во Скопје во Автокоманда. Колони со автомобили се заглавени и чекаат и по еден час. Причина за ваквата состојба, како што информираат од АМСМ, е работа на санација на ударни дупки на коловозот.

Гротескно против УНЕСКО


ИВАНА НАСТЕСКА Ние самите сме закана за светското културно наследство, а не сме ни свесни за тоа. Ова ни го кажуваше УНЕСКО минатите години, а годинава повторно нè потсетува. Охридскиот Регион, кој е единственото подрачје во земјава заштитено како светско културно наследство, повторно се загрозува. Во период кога од албанската страна на Охридското Езеро чекаат […]

Хит-претставата „Вардарски пастуви“ на турнеја низ Македонија


Хит-претставата „Вардарски пастуви“  на НУ Театар Комедија започнува турнеја низ Македонија. Почетокот на турнејата е закажан за 27 мај, понеделник, во Кочани, каде што претставата ќе биде дел од свеченото отворање на ДАФ (Фестивал на аматерскиот театар), а веќе следниот ден, на 28 мај, екипата на „Вардарски пастуви“ ќе игра во Центарот за култура ,,Антон […]

ДУИ бара од Пендаровски да ја преразгледа одлуката за именувањето на Муслиу за директор на АР


ДУИ побарала од претседателот на државата Стево Пендаровски повторно да ја разгледа одлуката за именувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање. -Вчерашната одлука на претседателот Пендаровски за назначување на директор на Агенцијата за разузнавање не вознемири сите и фрли сенка на вчерашниот ден кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби. […]

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потрошил 80 милиони турски лири (13 милиони американски долари) за веб-страницата на Истанбулската општина за период од три години, тврди Екрем Имамоглу, кој не ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул по одлуката на турските власти да ги поништат изборите од 31 март. Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на […]

Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Англија- Вилијам и Кејт со 8,9 милиони следбеници, наспроти 8,3 милиони следбеници на Хари и Меган- водат во битката за популарност на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета Втора, во духот на времето, распишала оглас за менаџер за социјалните мрежи. Претходно, Меган и Хари целосно се одвоија од Вилијам и Кејт на социјалните мрежи. Досега сите делеа […]

Тони Зен со нов албум:  „Од изворот на изборот“


Хип хоп артистот Тони Зен, синоќа, во МКЦ клуб и ресторан, го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по […]

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел […]

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј


Јапонија – Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија. – Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“. Компонентите што […]

Во скопската зоолошка ќе се реновираат живеалиштата за лавови и кенгури


Во Зоолошката градина во Скопје деновиве започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка. Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Како што информираат […]

Марадона негираше дека бил во притвор во Буенос Аирес


Аргентина – Поранешниот фудбалер и селектор на репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона, негираше дека бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Претходно беше објавено дека причината за апсењето била тужбата на поранешната девојка Росио Олива. Тоа бара од него да плати сума од пет милиони фунти. Тие биле во врска шест години и се разделиле во […]

Чешката култура ќе биде претставена во Македонија


Амбасадата на Чешката Република сака да излезе од фокусот на политиката и на македонската јавност да ѝ ја претстави чешката култура за да може уште повеќе да ги приближи двете земји. „Сега кога кризата во вашата земја е завршена со претседателските избори, сакаме да се насочиме и кон други работи кои не се поврзани со […]