Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Смирете ја својата енергија и прифатете ги благородните совети од страна на блиските: говорете со убав тон и така ќе имате смирувачко влијание врз себеси  и другите. Тешкотиите низ кои минувате се со минлив карактер и иако мислите дека признанијата ви бегаат од раце, сепак ќе откриете дека постојат креативни солуции. Нови контакти.

БИК: Прекрасен ден за отворена комуникација и содржајни разговори: треба да научите да го отворите своето срце повеќе и да верувате дека ќе постигнете хармонична врска во секој поглед. Рационални сугестии од страна на некоја компетентна личност во која откривате пријател. Размислете која е најдобрата опција: се јавува надеж!

БЛИЗНАЦИ: Весели и расположени, откривате дека постојат легални начини да си го направите животот поудобен: вие го држите клучот на својата судбина и денес може да потпишете важен договор со личност на извршна позиција, а кој ќе ви помогне да напредувате во далечните земји. Внимавајте на нагласената суета и не ласкајте си.

РАК:Надминете ја паранојата, потпирајќи се на своите тајни резерви: сите тешкотии ќе се разрешат само ако останете решителни. Тука е некоја важна личност со страстен карактер, која ви нуди практични совети и помош: разберете ги зборовите полни со мудрост и набргу ќе уживате во голема среќа и исполнување. Ве очекува успех.

ЛАВ: Надминете ја несигурноста и не дозволувајте си да ја губите перспективата: фокусирајќи се на претходните убави искуства, ќе сфатите дека може да се потпрете на своите пријатели од минатото, во секое време. Многу е веројатно дека некој сака да инвестира во вашите проекти, а со што светот повторно ќе погледне во ваш правец. Симпатии.

ДЕВИЦА: Дисциплинирани и сигурни во своите способности, откривате дека имате доволно ресурси да се справите со неодамнешните тешкотии: потсетете се да бидете грациозни и покажете дека не се плашите од обемот на работа. Барајте суштински одговори на своите прашања и ќе ги најдете кај некоја личност со сомилосен карактер.

ВАГА: Мирољубиви и смирени, размислувате како да дојдете до поголем респект во својата поблиска заедница: парите на некои им даваат змејска природа, а другите ги спуштаат во прашина. Иако сте вредни и работите постојано, сепак многу ситуации остануваат нерешени и конфузни. Избирајте одговорно и нема да бидете несреќни: имате многу таленти!

СКОРПИЈА: Моќни и страсни, денес би можеле да избрзате во нешто: добро промислете пред секој чекор и не потпишувајте договори со будалести. Иако тоа се идеи со прогресивен карактер, треба да знаете дека тајмингот не е поволен. Со чесно и континуирано настојување ќе успеете особено ако ги намалите очекувањата: надеж постои, насмејте се малку.

СТРЕЛЕЦ: Отворени за сугестиите од страна на некоја помлада личност, повторно постигнувате чест: подобро е да се работи со оние што сакаат нешто, отколку со оние што сметаат дека веќе го постигнале саканото. Оставете им на другите да ве величаат и постигнете слобода, надминувајќи ги претходните порази: стравот е само илузија.

ЈАРЕЦ: Исклучително важен ден, во кој ќе ги добиете одамна саканите одговори: убави планетарни влијанија и сега ги докажувате својата компетентност и упорна природа. Моќни поединци ќе ви презентираат неколку опции, со кои ќе постигнете духовен и физички баланс: ништо не е случајно и сè се случува во вистинско време. Без страв!

ВОДОЛИЈА: Подгответе се за средба со влијателна личност, која ви нуди креативни солуции: не сфаќајте ги овие работи површно, бидејќи тие се со долготраен карактер и може да дојдете до нова позиција. Слушајте го подобро гласот на интуицијата и ќе знаете како најдобро да одговорите во овој момент. Бидете повеќе сочувствителни.

РИБИ: Она што до вчера беше вистина денес веќе се менува: некои луѓе просто не се менуваат и кога ќе направат грешка, инсистираат да ја закопаат. Најдобра одбрана е нападот и со тоа ќе увидите кој како размислува и какви мотиви има. Сетете се на претходните искуства и не брзајте со своите забелешки: од вистината не се бега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]