Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи […]

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации


Швајцарија– Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра со 32 репрезентации и покрај најавите за проширување на бројот на учесници на 48. Главна причина е недоволното време за подготовка за новиот формат. Организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година не беше против зголемувањето на бројот на учесници на турнирот на 48. Катар отсекогаш бил […]

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости. Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен. – Во таа […]

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред


Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок. Од ЈСП информираат дека утре (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници


Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола. СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила. Инаку, […]

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени


Хрватска- Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени. Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми. Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.

Новинa: Децата со лесна попреченост од септември во редовни училишта


Од септември во посебните училишта нема да учат, односно да се примаат ученици со лесни попречености. Тие ќе треба да се образуваат во редовните училишта, а во посебните и натаму ќе се образуваат само учениците со најтешки пречки. Ова е една од опциите во втората верзија на предлог-законот за основно образование, која предвидува посебните основни […]

Клучни етапи по европските избори


Белгија – Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи. На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од […]

Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем


САД– Ешли Грем и нејзината сестра Абигеил Грем ги рекламираат новите костими за капење наменети за жени од сите генерации, со облини- Swimsuits For All. Раскошните манекенки позираат под сончевите зраци во новите модели на едноделни и дводелни костими за капење. Самата Ешли учествувала во дизајнот на неколку костими за капење, фокусирајќи се на тропските […]

Само градскиот превоз расте, другите се намалиле


Во првото тримесечје од годинава биле превезени 1,3 отсто помалку патници отколку во истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, во приградскиот превоз е намален за 1,7 процент, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува […]

Сведоци во „Тортура“: Камчев и Мијалков ќе се соочат во судница


Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“ по предлог на Специјалното јавно обвинителство, закажано за 20 јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во еден од […]

Рајко Грлиќ доаѓа во Скопје : Славните филмови во Кинотека


Филмски омаж на режисерот Рајко Грлиќ со наслов „Чуварот на благородната утопија“ ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Кинотеката на Македонија. Тој ќе биде лично присутен на проекциите. – Грлиќ се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, која во наследството ја има и ја негува средноевропската мултикултурна утопија […]

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит


САД – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за телевизијата Си-Ен-Ен, изјави дека губи трпение поради постојаното одложување на рокот на Британија за напуштање на Европската унија. – Морам да кажам дека почнувам да се уморувам бидејќи сите се движиме од едно продолжување до друго … Луѓето губат трпение. Сакам да кажам „да“, да се одржи […]

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка


Англија – Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата. Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, […]

„Младите доаѓаат“ – настап на талентирани ученици со Филхармонија


 „Младите доаѓаат“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи вечерва. Со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција, информираат од Филхармонија. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, […]

Промоција на книгата „Струма“ од Хактан Акдоган


Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 18, 30 часот, во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ –   една приспивна во темнината од Хактан Акдоган.   Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ. Книгата „Струма“ зборува за брод […]

Манџукиќ опериран во Хрватска


Италија – Фудбалерот на Јувентус Марио Манџукиќ бил подложен на хируршка интервенција, се наведува во соопштението од торинскиот клуб. Станува збор за рутински операција, односно септопластика поради проблеми со носот, кои му предизвикувале проблеми во дишењето. Од клубот не наведуваат дали за хрватскиот фудбалер сезонава во Италија е завршена пред време, но по се изгледа тој […]

Почнуваат европските избори, гласање до недела


Белгија – Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај. Резултатите што ќе го одредат […]

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата. На  свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска. На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција […]

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата. Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија. – Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до […]