Само градскиот превоз расте, другите се намалиле

Во првото тримесечје од годинава биле превезени 1,3 отсто помалку патници отколку во истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, во приградскиот превоз е намален за 1,7 процент, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 25,7 проценти.

Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 11,4 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2,5 отсто, а во приградскиот превоз е намален за 2,3 проценти, во меѓуградскиот превоз за 24 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 16,6 проценти.