Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници

Фото: Б. Грданоски
Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила.

Инаку, во вкупно 14 сообраќајни несреќи вчера во Скопје, шест лица се здобиле со лесни, а едно лице со тешки телесни повреди.

За непрописно паркирање издадени се 97 казни, а пајакот подигнал 89 возила.

Петнаесет возачи во текот на вчерашниот ден користеле мобилен телефон за време на управување со возилото.