Хороскоп: Што велат ѕвездите за продолжениот викенд


ОВЕН: Неверојатно но вистинито, ова е период кога вашата емпатија е нагласена и имате поголема сомилост кон блиските и саканите. Подобро одговарате на нивните потреби, дури и при потешките теми и разговори. Тука се и вашите пријатели кои ќе  помогнат со некој логичен совет и ќе ви дадат практични насоки за да ги исполните своите цели.

БИК: Не си дозволувајте емоционалното незадоволство да се провлекува за време на овој празничен период: за едните чашата е половина празна, а за другите пак половина полна. Секако дека ви е потребно време за самите себе, во кое што е добро да појдете во природа или да медитирате. Пред вас се важни одлуки на финансиски, но и легален план.

БЛИЗНАЦИ: Ова е период кога е нагласена вашата ораторска страна и сега сте брзи и сигурни во себе: добро размислете за понудените опции и не губете го времето во предомислување. Така би можеле да заборавите на неодамнешните искуства и да изгубите памет, а со тоа и нешто повредно. Верувајте во својата слободна воља и сакајте повеќе.

РАК: Се обидувате преку легални начини и договори да ги отстраните своите финансиски проблеми или пак потешкотиите поврзани со домот: време е за штедење и за длабоко размислување. Работите не се површни како што се чини на прв поглед. Ќе избегнете несреќа ако се потпрете на пријателските совети од страна. Убави шанси – искористете ги!

ЛАВ: Вредни и непоколебливи, ова е период со блескави шанси: погледнете го светот со нови очи и ќе откриете дека можности за напредување постојат речиси на секој чекор. Сѐ што треба да направите е да ја увидите волшебната улога на љубовта, како и понудената поддршка од некоја страсна, но практична госпоѓа. Како ќе одговорите? Инвестиции.

ДЕВИЦА: Ова е период кога ќе треба да се одлучите помеѓу две опции, водени од страна на важни ментори: два проекти, два дома или поврзување на двајца преку легален договор. Сето ова треба да е со долготраен карактер и ситуацијата е многу чувствителна, затоа не брзајте, туку внимателно чувајте го стекнатиот имот. Останете решителни и отпорни.

ВАГА: Период за љубов, романса, но и донесување на одлуки во областа на домот: треба да одлучите помеѓу два еднакво критични избори, кои со себе носат нови одговорности. Дали сте подготвени пријатели? Сега е време да бидете порезервирани во однос на своите лични симпатии и да размислувате на универзален начин. Финансиска сатисфакција.

СКОРПИЈА: Многу веројатно е дека се среќавате со некоја ладнокрвна, но многу интелигентна личност, која што ви сугерира како да постапите на семеен план. Сега не е време да бидете одсутни и да ја префрлате одговорноста на некоја службена личност, туку реално да оцените што ви е приоритет. Потоа најдете време да се осамите и да одморите.

СТРЕЛЕЦ: Во фокус доаѓаат долгорочните проекти, кои што бараат од вас да излезете од својата комфор зона и да го истражите непознатиот терен: патување, студирање или некоја друга страст, која што ќе ве исполни со задоволство. Очекувајте наскоро дека нешто сосема ново ќе го окупира вашиот љубопитен ум и ќе ви ги исполни желбите за луксуз.

ЈАРЕЦ: По малку неодлучни, дури и конфузни, тешко ви е да се одлучите која опција е најдобра во овој момент. Склони да ги контролирате работите, можеби тешко го поднесувате друштвото околу себе и се чувствувате заморени. Истражувајте повеќе за да разберете која етичка целина ви одговара повеќе и не напредувајте по секоја цена. Почекајте.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате да постигнете совршен баланс помеѓу телото и душата, треба да зацртате здрави граници и да дозволите да ве води интуицијата. Така подобро ќе ги разберете меѓучовечките односи и ќе ги зацврстите своите врски. Најдете време да се одморите, при што ќе размислите за минатото и ќе заборавите на некои неизводливи идеи. Нова страст.

РИБИ: Прекрасен период за започнување на некој проект, за кој што размислувате одамна: ова е време за експанзија и шанси да научите нешто ново. Сето ова ќе ја извлече вашата креативна сила, како и комуникациски вештини и ќе ви донесе нови одговорности. Бидете отворени и љубопитни пред луѓето кои што сега ќе ги запознаете. Волшебни шанси!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]