Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Англија- Вилијам и Кејт со 8,9 милиони следбеници, наспроти 8,3 милиони следбеници на Хари и Меган- водат во битката за популарност на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета Втора, во духот на времето, распишала оглас за менаџер за социјалните мрежи.

Претходно, Меган и Хари целосно се одвоија од Вилијам и Кејт на социјалните мрежи. Досега сите делеа слики на страницата на палатата Кенсингтон.

Од новиот профил Меган и Хари споделија неколку фотографии од патувањето во Австралија, кои до овој момент не беа познати. Меѓу кадрите има и од нивното патување до Фиџи и други активности поврзани со нивните активности во добротворни цели. Само за 24 часа од излегувањето на новиот профил, следбениците им надминаа 2 милиони. Двајцата не само што се одделија да живеат во нов дом, но, исто така, одлучија да се вработи и посебен PR тим.

Како интересен факт се покажа дека војводите на Сасекс се одделени од профилите кои ги имаат за односи со јавноста членовите на кралското семејство како Кејт и Вилијам @kensingtonroyal, принцот Чарлс и Камила @clarencehouse, и дури од аккаунтот @theroyalfamily, застапувани се од Елизабета II и други членови на кралското семејство.

Овој месец  тие одлучија да се претплатат на организации поврзани со менталното здравје, бидејќи овој месец е неразделно поврзан со темата за менталното здравје: сиот мај е посветен на оваа тема во САД, а во Велика Британија беше од 13 до 19 мај.