Исплатена дополнителнатa поддршка за лозарите


На вкупно 6.240 лозари денеска им се исплатени дополнителни субвенции од еден денар за килограм предадено грозје во регистрирани винарски визби. Како што соопшти министерот за земјоделство Трајан Димковски, за оваа намена на сметките на лозарите се префрлени вкупно 66,2 милиона денари. – Со оваа исплата ја заокружуваме комплетната реализација на субвенциите во лозарството. Пред […]

Осум наслови во конкуренција за наградата за поезија „Антево перо“


Комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ денеска информира дека има голем интерес и пристигнале 87 авторски ракописи. Ги издвојуваат следниве поетски ракописи: „Капе времето“ на Виолета Танчева Златева, „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска, „Градот“ на Иван Џепаровски, „Дупка“ на Александра Димитрова, „Граници“ на Михајло Свидерски, „Ѕидање на времето“ на Искра Пенева, „Музеј […]

Угостителските услуги во август на исто ниво, намалување од 0,1 отсто кај храната


Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во споредба со јули 2019 година, немаат промена, забележано е само намалување во групата храна за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,3 отсто. Кумулативниот индекс на […]

Сензацијата Андреску против Серена Вилијамс во финалето на „Ју Ес Опен“


САД– 19-годишната дебитантка на „Ју Ес Опен“, Бјанка Андреску, создаде нова сензација. Канаѓанката стигна до финалето во Њујорк, совладувајќи ја Белинда Бенчиќ со 7:6 (3), 7:5 за 2 часа и 15 минути игра. Андреску оствари импресивни 40 винери, иако имаше 38 непридизвикани грешки. Таа запиша 7 аса, но направи 9 двојни грешки. Сепак, Бенчиќ имаше […]

Комуналните инспектори фатиле група која палела кабли под Кале


Комуналните редари на Град Скопје фатиле група која нелегално пали кабли под Кале. Сторителите се соодветни казнети. Противпожарната бригада на Град Скопје на својата официјална Фејсбук страна изрази благодарност до Инспекторатот на Град Скопје. – Браво за Инспекторатот на Град Скопје, ова се потенцијали за настанување на пожар и загадување на нашиот град, пишува на […]

Бред Пит проговори за пороците во „Њујорк тајмс“: Се борев со алкохолизмот


САД– Еден од најплатените холивудски глумци, Бред Пит, искрено проговори за своите големи проблеми со алкохолот и дрогите од кои се откажал веднаш по разводот со Анџелина Џоли, и признава дека помош побарал на анонимните состаноци за лечење од алкохолизам. 55годишниот глумец во интервју за Њујорк Тајмс открива колку му било тешко по разводот и […]

Исмаили најави поддршка за институциите од културата во Куманово


Министерството за култура ќе продолжи со поддршка на институциите од културата во Куманово, истакна синоќа министерот Хусни Исмаили при учеството на манифестациите што се одржуваат во рамки на програмата Куманово град на културата и пет века од неговото постоење,  а имаше средба и со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Министерот присуствуваше на отварање на изложбата „Византиски […]

Студија покажа дека луѓето што преживеале ебола се под зголемен ризик од смртност


Англија– Луѓето кои преживеале инфекција со вирусот на ебола во наредната година се по под драматично голем ризик од смрт, најверојатно од последици на проблеми со бубрези, покажаа резултати од истражување спроведено меѓу луѓе што го преживеале смртоносниот вирус во Гвинеја. Следејќи 1.100 луѓе што го преживеале вирусот на ебола, кој се прошири во западна […]

„Nature“ објави статија за Охридското езеро: Најстарото езеро во Европа ги открива климатските промени


Специјализираното научно списание „Nature“ во последното издание објавува подолг текст посветен на Охридското Езеро, во кој ги објавува резултатите од спроведеното повеќегодишно истражување на седиментните наслаги под дното на езерскиот басен. Самиот наслов на објавениот текст „Најстарото езеро во Европа ги открива климатските промени и временските прилики за период подолг од милион години“ покажува дека […]

Харадинај: Американските сенатори не бараа од Приштина компромис со Белград


Косово– Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека на средбата со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи од него не било барано да се пронајде „одреден компромис“ во односите со Белград. -Не беше баран одреден компромис со Србија. Ја искористив приликата да потврдам дека Косово е стоотстотно суверена држава и дека сме подготвени […]

Промоција на книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев


Книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев денеска ќе биде промовирана во Спомен-домот „Блаже Конески“ во селото Небрегово. Издавач на делото е Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“. Како што информира Фондацијата „Небрегово“, во книгата Конески е претставен во редот на македонските великани на XX век, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, меѓу светската лингвистика и славистика. […]

„Медал за храброст“ од претседателот Пендаровски за пожарникарите


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска со „Медал за храброст“ ќе одликува осум припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а на противпожарната бригада ќе и го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“. Припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информираат од Кабинетот на Пендаровски, се одликуваат со „Медал за […]

Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи меѓу 8 и 18 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала […]

Како да сме паднале од Марс


ЕРОЛ РИЗАОВ Само ако е „паднат од Марс“ човек може да поверува и да се согласи со сите политичари кои од ден на ден сè погласно врескаат за владеење на правото и за божемна цврста определба за неселективна пресметка со носителите на организираниот криминал и за брзо расчистување на корупциските скандали кои со години ја […]

Бангкок е најпосетуван град, во Дубаи највеќе се троши


Според индексот Global Destination Cities Index на Mastercard  за 2019 година, Бангкок се најде на врвот на листата како град кој го посетиле најмногу интернационални туристи – 22,7 милиони. Ова не е нитшо ново за главниот град на Тајланд, кој изминатите четири години ја држи истата позиција. После Тајланд на листата на второ место е Париз со 19,10 милиони туристи, а Лондон (19,01 милиони), Дубаи (15,93 […]

„Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ во Музеј на Македонија


Во чест на 8 Септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Северна Македонија во соработка со Здружението „Арти крафт“ организираат етнокултурна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ Настанот ќе се одржи денес, од 11 часот. Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот […]

Се сврши пејачот Александар Белов


Познатиот македонски поп-пејач Александар Белов кој подолго време живее и пее во Србија, поточно во Крагуевац, по неколкугодишна врска со Србинката Јелена ќе заплива во брачните води. Од Белов кој своевремено победи на „Операција триумф“, одамна не сме слушнале ништо ново на музички план, а и ретко настапува во Македонија. Свадбата ќе биде на есен. […]

Штипскиот Универзитет потпиша договор за соработка со Универзитет во Дубаи


Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, денеска потпиша договор за соработка со претставниците од Универзитет во Дубаи. Договорот се однесува на соработката меѓу правните факултети на двата универзитети и ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“. -Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на […]

Борис Џонсон нема да поднесе оставка


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка, изјави денеска британскиот министер задолжен за координација на планирањето на Брегзит без договор Мајкл Гоув. Изјавата доаѓа како одговор на шпекулациите дека Џонсон би можел да поднесе оставка со цел да дојде до предвремени парламентарни избори. – Мислам дека премиерот нема намера да поднесе оставка. […]

ЕУ воспостави антитерористички регистар


Белгија – Европската унија воспостави заеднички антитерористички регистар за да го олесни процесуирањето и носењето обвиненија против осомничените милитанти и луѓето кои се враќаат во своите земји по учеството во борбите на страна на Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија денеска претставници на Унијата. Тој потег има за цел делумно решавање на судбината на стотици […]