Ноншалантност во Рим: Манчевски меѓу убавици во црни тоалети


Наградите и светските премиери се множат, а нашиот наградуван режисер Милчо Манчевски не го менува стилот на облекување.

На гала – премиерата и на црвениот килим, синоќа, во рамките на 14. издание на Филмскиот фестивал во Рим, на премиерата на најновиот  игран  филм „Врба“, во друштво на актерките кои беа елегантни, се прошета во ноншалантен стил- во кежуал издание- во џемпер и со јакна.

Другите претставници од Македонија, меѓу нив и македонскиот министер за култура беа елегантни, а со особен стил, класичен костум со патики и виолетов шал се појави Горјан Тозија- Медо.

Веќе никој не му замерува на Манчевски за изборот на гардероба дома и во странство.

Како се чувствува најубаво, така и се облекува. Не подлегнува на дрес-кодови ниту на правила кои сите филмаџии и ѕвезди ги почитуваат на црвениот килим и гала премиерите. Тие сакаат или не сакаат, избираат класични костуми со вратоврска или пеперушка со лакирани црни чевли. (Л.С.)