Германски „Герешајмер“ ја почнува изградбата на првата фабрика во ЈИЕ со седиште во Скопје


Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ќе ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија. На свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за […]

Меган и Хари ќе паузираат од кралските должности


Англија- Двојката од Сасекс ќе се повлече од своите кралски должности на крајот на годината и ќе го поделат времето меѓу САД и Велика Британија, изјави извор на Си-Ен-Ен од Бакингемската палата. Веста за заминувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган, од службените должности, доаѓа во време кога Велика Британија е во очекување на […]

„Едвард раце ножици“  – премиера на Театарот за деца и младинци 


Колку сме подготвени да ги надминеме предрасудите кон различните од нас и да ги прифатиме, и каков е третманот на општеството кон маргинализираните групи е тема на младинската претстава „Едвард раце ножици“ во режија на Нела Витошевиќ, која утревечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе Театарот за деца и младинци. Претставата е работена според […]

Лопез во раскошна венчаница: Не се мажам, снимам филм


САД- Поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез (50)  го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога се појави во раскошна венчаница. Имено, нејзиниот свршник не бил во близина, а не било познато ниту дека ја одредиле датата за венчавка. Сепак, станува збор за мала измама, бидејќи дивата сеуште не се мажи (но веројатно не за долго). […]

Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија


Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс , в четврток, во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија. Пред македонската публика овој исклучителен басист ќе се претстави со свои композиции. На програмата на овој концерт се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе […]

Директорот на Централната национална библиотека на Италија во посета на НУБ


Директорот на Централната национална библиотека на Италија од Рим, Андреа де Пасквале, денеска и утре ќе ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што информира НУБ, денеска пред присутните во библиотеката е предвидено обраќање на италијанскиот директор и на директорот на НУБ, Фримзим Даути, а двајцата директори ќе остварат и […]

Вечерва се избира „Мис Глоуб “ за 2019 во Улцињ


Вечерва во Улцињ, Црна Гора, по 47.пат се избира „Мис Глоуб“ за 2019. Македонија ја претставува манекенката Кристина Димитријевска од Тетово, членка на модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор на убавина. Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со […]

Музејот на Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка“ гостува во Софија


Музејот на Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка – култови на плодноста: обреди, обичаи и верувања“  гостува во Националниот етнографскиот музеј при Академијата за науки на Бугарија.  Изложбата во Софија свечено ќе биде отворена в четврток. Изложбата е подготвена од Н.У. Музејот на  Македонија и Н.У. Археолошкиот музеј на  Македонија и презентира  дел од […]

„Господ постои, името и’ е Петрунија” викендов освои награди на три фестивали


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд се закити со уште три престижни награди. На штотуку завршениот фестивал All About Freedom Festival ја доби главната награда за најдобар филм. Фестивалот се одвива во Гданск, Полска, и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во […]

Банкарите на „Комерцијална“ трчаат најбрзо во македонскиот бизнис


Тимот на „Комерцијална Банка“ од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски е победник на штафетната трка на македонската општествено – деловна заедница одржана викеднот во Скопје. Настанот се одржа на кејот на Вардар, кај хотелот „Парк“ во Скопје. Штафетната трка беше со четири измени по два километра во која […]

Рисимкин го претстави Танц фест во Шангај


На покана на Интернационалниот фестивал за изведбени уметности од Шангај, Кина, кој го има своето дваесет и прво издание, Рисима Рисимкин деновиве престојува во Шангај, каде ја претставува работата на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар. Интернационалниот фестивал за изведбени уметности од Шангај се одвива на неколку нивоа, како панел дискусии, претстави и презентација […]

Ципрас: Грција е отсутна од случувањата во соседството


Грција– Во моментот кога ЕУ е соочена со последиците од трагичната одлука да не даде зелено светло за интегративен процес на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство, напиша утрово на Фејсбук лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, коментирајќи ја позицијата на актуелната грчка […]

Гала-свадба во Мајорка: Надал и Циска ја крунисаа 14 годишната врска со брак 


Шпанија- Рафаел Надал (33) е последниот од големата светска тениска четворка што заплива во брачни води. Шпанскиот тенисер и Марија Франческа Циска (31) го кажаа судбоносното „да“ на гала свадбена веселба што се одржа на тврдината „Форталеза“ на Мајорка. На крунисирање на 14 годишната љубовна врска присуствуваа 500 гости, а церемонијата мина во строги мерки […]

Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата


Белгија– Британскиот тенисер Енди Мареј не успеа да ги задржи солзите по освојувањето на финалето на турнирот во Антверпен. Вчера, во решавачкиот натпревар, тој го совлада Стен Вавринка од Швајцарија со 2-1 (3:6, 6:4, 6:4). Овој наслов беше прв за Мареј по операцијата на колкот. Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу […]

Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка


Белгија– Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка. Сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, Могерини на својот блог во текстот насловен […]

Самитот на Г7 нема да се одржи на имотот на Трамп


САД- Претседателот Доналд Трамп нагло го смени курсот и најави дека економскиот самит на Г7 следната година нема да се одржи во комплексот „Трамп национал дорал“ во Флорида. Одлуката ја објави откако се соочи со гневна двопартиска реакција. Претседателот ја твитна главната промена нешто повеќе од 48 часа по првичното соопштение: „Ние веќе нема да […]

Четири лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30  сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 […]

ЦДУ/ЦСУ: Патот кон ЕУ станува отворен за Сeверна Македонија и Албанија


Германија– Владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ смета дека патот на ЕУ останува отворен за Северна Македонија и Албанија, и покрај негативен исход од минатонеделниот состанок на Советот на ЕУ во однос на отворањето на пристапните преговoри со двете земји. Заменик-претседателот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и парламентарниот известувач Кристијан Шмит, ги повикаа Скопје и Тирана […]

Ѕидот на плачот – преку 2.000 години место за молитва и покајание


Две страни. Машка и женска. Вака е поделен Ѕидот на плачот во Ерусалим. Но, пред Ѕидот сите се еднакви. Се молат, бараат покајание независно од возраста, полот, потеклото.   Молбите (желбите) ги запишуваат на ливчиња, а ливчињата потоа ги „пикаат“ во процепите меѓу камењата, бакнувајќи го Ѕидот. Многумина велат, ако сакате да доживеете и да […]

Австралиските весници протестираат против цензурата


Австралија– Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа. Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат […]