Меган и Хари ќе паузираат од кралските должности

Англија- Двојката од Сасекс ќе се повлече од своите кралски должности на крајот на годината и ќе го поделат времето меѓу САД и Велика Британија, изјави извор на Си-Ен-Ен од Бакингемската палата.

Веста за заминувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган, од службените должности, доаѓа во време кога Велика Британија е во очекување на документарниот филм за двојката, снимен за време на нивната турнеја во Јужна Африка. Во најавата на филмот емитувана од медиумите, Хари ја опишува идејата за преселба во Африка како „неверојатна“, но признава дека е малку веројатно.

„Не знам дали би можеле да живееме во Африка во моментов“, вели принцот пред новинарот Том Бредби. „Само што дојдовме од Кејптаун. Ова би можело да биде уникатно место за нас “.

Изворот на Бакингамската палата не може да каже колку долго Меган и Хари ќе „одморат“. Двојката ќе се посвети на семејниот живот – веројатно на средината на ноември, откако ќе завршат нивните должности и обврски.

Меган и Хари се подготвуваат за пат во САД за да мајка ѝ на Меган го види внукот шестмесечниот Арчи.