Вечерва се избира „Мис Глоуб “ за 2019 во Улцињ


Вечерва во Улцињ, Црна Гора, по 47.пат се избира „Мис Глоуб“ за 2019.

Македонија ја претставува манекенката Кристина Димитријевска од Тетово, членка на модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор на убавина. Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација, се подготвува за вечерашното финале.

 

МРТВ 2 во 20,15 ќе врши директен пренос од Изборот. Пејачот Даниел Дан ќе има свој настап во музичкиот дел.