Следниот викенд почнува зимското сметање на времето


Летното сметање на времето завршува во последниот викенд од октомври, што значи дека ноќта идната сабота кон недела (26 и 27 октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3 часот по полноќ се поместуваат на 2 часот.

Промената на времето во Европа е воведена во 1970 година, поради заштеда на електрична енергија, зголемена продуктивност и поефикасен работен ден. Сепак, поновите истражувања и анализи покажале дека промената на времето носи негативни последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летно и зимско сметање на времето, која ќе важи од 2021 година.