Skip to content
07/11/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Даде: За разлика од Рама, Заев потврди дека е премиер одговорен пред својот народ

20/10/2019 15:29

Албанија– Универзитетската професорка и поранешна шефица на албанската дипломатија, социјалистката Арта Даде, смета дека за разлика од претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, „премиерот Зоран Заев покажа дека е премиер одговорен пред сопствениот народ“.

Таа смета дека Рама целосно потфрлил со неговата Влада, која ја следат скандали и оти тој веќе не може да ја води земјата.

– Премиерот Зоран Заев покажа одговорност пред својот народот. Заев седна со Ципрас да го реши проблемот со името. Велам дека Рама не успеа и не може повеќе да ја води оваа земја затоа што го следат скандал по скандал. Треба да се направи повеќе за изборните реформи, бидејќи изборите за ОДИХР исто така беа далеку од демократски. Треба да се разгледа и прашањето за промена на системот, бидејќи овој систем е деградиран , рече Даде, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Њуз 24“.

Нејзин став е дека Албанија не ги извршила своите домашни задачи за влез во Европската унија и оти вината не треба да се префрлува врз францускиот претседател Емануел Макрон.

– Не верувам дека е време да покажуваме со прст кон Франција, всушност имаше и други политичари и земји што ја блокираа Албанија, како Холандија и Данска, но и други држави, кога се разговараше да и се даде шанса на Северна Македонија, а Албанија да повторува. Се согласувам дека ЕУ има свои проблеми, но и во претходните години имаше проблеми, но Србија отвори преговори, Хрватска итн., рече Даде.

Посочувајќи неколку области каде, според неа, Владата на нејзиниот сопартиец Рама целосно потфрлила, таа посебно ја нагласи корупцијата.

– Дали борбата против корупцијата функционира или корупцијата дојде на сите нивоа? Да ве потсетам на големата афера за корупција, за која немаме одговорност, дека 1 километар пат чинеше 20 милиони евра. Постои пад на сите нивоа, има пад на бизнисот, на странски инвестиции, нагласи Даде.

ReplyForward


Поврзани содржини

Се подготвува нова Национална стратегија за дроги
07/11/2026 20:11
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават барања до пратениците
07/11/2026 17:11
Протест на професионалните војници, бараат еднаква опремнина
07/11/2026 17:11
Со автобуси до пари: Пензионери од Прилеп, Ресен и Охрид дојдоа во Алта банка во Битола
07/11/2026 14:11

Уште 20 институции ќе преминат на електронско управување со документи
07/11/2026 13:11
Коцарев тврди дека МАНУ тивко „се распаѓа“
07/11/2026 11:11
Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
07/11/2026 10:11
Милошоски го прозва Врховниот суд како еден од актерите што ги уриваат стандардите во судството
07/11/2026 09:11

Најчитани


  • Кремљ ги одби Американците: Плановите за враќање на испораките на гас за Европа преку Украина се невозможни
    02/11/2026 13:34
  • Васил Тупурковски и Мирослав Грчев меѓу добитниците на признанието „Феникс“ по повод 50 години од формирањето на Општина Центар
    04/11/2026 12:15
  • Арапскиот милијардер што го градеше „Белград на вода“ го продаде својот стан таму
    02/11/2026 12:47
  • Филипче и Славески во „дуел“ на Икс. Гувернерот му порача на хирургот: „Јасно е сега?“
    01/11/2026 22:34
  • Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија околу спорот со Бугарија
    06/11/2026 12:59
  • ВЛЕН со лекција кон ВМРО-ДПМНЕ: Гласовите на граѓаните не ги поседува ниту една политичка партија
    02/11/2026 14:37

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење