Оскаровката Џенифер Лоренс се омажи во најголема тајност

САД – Оскаровката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на њујоршката галерија, Кук Марони, во Њупорт, во Роуд Ајленд, пишуваат американските медиуми.

Венчавката била одржана во луксузна вила на овој раскошен и мирен остров, а церемонијата била одржана во строга тајност, иако од септември постоеле гласини дека оваа двојка ќе застане пред олтар.

Меѓу 150-те поканети гости биле и славните холивудски ѕвезди: Ема Стоун, Крис Џенер, Камерон Дијаз, Адел и други.

Како што пишуваат американските медиуми, убавата Џенифер судбоносното „да“ го кажала во едноставна, романтична венчаница од модната куќа „Диор“, каде што е и заштитно лице, а на „Инстаграм“ по венчавката се појавила и фотографија од госпоѓа Марони на која се гледа колку многу е среќна.

Двојката се сврши во февруари оваа година, а заедно се од месец јуни 2018 година. Целата церемонија била во знакот на романтиката, а гламурозното славење продолжило до утринските часови.