Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се чини дека имате многу работа, која што никако да се доврши до крај: ова ќе ги стопира привремено вашите романтични чувства и првиот дел од денот ќе се разликува значително од вториот. Треба да донесете важни одлуки без да одолговлекувате повеќе: бидете спонтани и искористете ги понудените опции.

БИК: Ова ќе биде активен ден кога ќе успеете да завршите многу свои цели и проекти: оттука понатаму ве очекува подобар општествен статус и солидна финансиска иднина. Поддршка од некоја личност со креативни идеи, која што ќе ве изненади позитивно: правете стратегија, бидете лојални и истрајни и ќе успеете!

БЛИЗНАЦИ: Ако сте премногу чувствителни или сериозни, животот ќе ви фрли некоја крива топка за да откриете начин како повторно да насмеете: сменете ја перспективата и помогнете им на оние кои што се помалку среќни од вас. Вашите интересни идеи ќе им се допаднат на пријателите и ќе прославите.

РАК: Работната недела започнува со опуштено расположение, бидејќи успеавте да се одморите, да ги направите неопходните поправки во домот и да уживате во комфор. Промените се направени и денес сте весели, расположени и раздвижени на повеќе страни: информациите течат брзо и комуницирате лесно.

ЛАВ: Утрината ги правите последните подготовки за да ги лансирате своите проекти во светот: решителни и со добро чувство за тајминг, ќе успеете да се поврзете со личности од далечните земји. Ова е ден кога повторно ќе се чувствувате слободни, особено ако поставите здрави граници и потпишете добри договори.

ДЕВИЦА: Денес ќе треба да го започнете денот обратно: наместо да сте сериозни и да посветувате преголемо внимание на секој ситен детал, најдете време да се ослободите од должностите и појдете некаде каде што ќе најдете причини за да се насмеете. Вие го заслужувате тоа и ова е совршен момент да се опуштите.

ВАГА: Пред вас се два еднакво атрактивни избори и иако се двоумите, подобро ќе биде да ги засукате ракавите и да ги направите потребните промени: ако треба да појдете некаде на пат или да се селите, договорете се со авторитетите на време и не чекајте повеќе. Бидете љубезни и ќе успеете да постигнете речиси сѐ!

СКОРПИЈА: Можеби сте си лути на самите себе или едноставно немате сила, а склоноста кон самокритика ќе ја влоши состојбата: секоја лекција е тука за да се стекне подлабока мудрост и да се победи стравот. Ако инвестициите или финансискиот сектор покажува загуба, не очајувајте, туку реорганизирајте се.

СТРЕЛЕЦ: Некои луѓе патуваат за да ја пронајдат убавината, но ако не ја понесат со себе, нема никогаш да ја откријат: отворете ги очите за мистериите наоколу и не барајте логика во сѐ. Осамете се во текот на денот, па потоа повторно вратете се во играта и соработувајте со тимот или опуштете се некаде во природа со друштвото.

ЈАРЕЦ: Ако паднете, најдете сила повторно да застанете на нозе: ова е ден кога ќе се интересирате за семејното наследство, можна заработка или потенцијал да појдете некаде на пат, со цел да ја средите финансиската состојба. Новите познанства ќе ви помогнат и ќе дојдете до награди значајни за вашиот развој.

ВОДОЛИЈА: Се чини дека гледате шанси за просперитет онаму каде што никој друг не гледа: во геометријата нема секти и сега е јасно што сѐ треба да се направи за да се дојде до една објективна целина. Ве очекува сериозна, непристрасна и вредна работа на патот кон вашата самореализација, а со што ќе постигнете слава.

РИБИ: Имате повеќе причини да се радувате со своето семејтство и најблиските, а најмногу поради тоа што можете да предвидите некои случки и да се заштитите навреме. Ако се појави некој проблем, ќе останете флексибилни и мирни, надминувајќи го стресот како да е нешто што се случува во туѓиот двор. Заштита.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]