Skip to content
08/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

НБ: Монетарната политика е соодветна, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви

20/10/2019 14:38

Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e и што успешното одржување на ниска и стабилна инфлација  и поволната позиција на билансот на плаќања, годинава, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар, соопшти Народната банка. 

Главно како резултат на овие интервенции, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви на земјата. На крајот на август, првпат досега, тие изнесуваа над 3 милијарди евра. Нивниот раст продолжи. Според најновите податоци, заклучно со минатиот месец тие изнесуваат 3 милијарди и 127 милиони евра. Високото и според сите показатели адекватно ниво на девизните резерви е цврста гаранција за стабилноста на денарот. Ова, меѓу другото, беше истакнато на состаноците со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто ги оствари делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, во рамки на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка (СБ) во Вашингтон.

-Конкретно, остварени се состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу. Во фокусот на состаноците, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката Ангеловска-Бежоска меѓу другото посочи дека расположливите податоци за реалниот сектор упатуваат дека остварувањата се во линија на проекцијата за економски раст од 3,5 проценти за оваа година.

Народната банка соопшти и дека со високите претставници на ММФ се дискутираше и за состојбите во банкарскиот сектор кај нас, при што беше истакнато дека се очекува негово натамошно окрупнување, кое би требало да резултира со поголема конкуренција и со подобар пристап на граѓаните до финансиските услуги.

-Истовремено беше одбележано дека трендот на раст на капитализираноста продолжува, а ликвидноста се задржува во адекватни рамки. За порастот на ликвидноста во изминатиот период беше нагласено дека доминантно придонесоа интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. При анализирањето на податоците, на состаноците беше посочено и дека е мошне значајно што нефункционалните пласмани се на релативно ниско ниво, се наведува во соопштението. 

На состаноците се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија. Гувернерката Ангеловска-Бежоска имаше одделни средби и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, на кои се дискутираше за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење.

Во текот на вчерашниот ден, како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, таа учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

– Учеството на Годишните средби на ММФ и Светската банка, Ангеловска-Бежоска го искористи и за состаноци со свои колеги, гувернери на други централни банки. Притоа се разменија мислења за повеќе актуелни економски прашања, а се разговараше и за развивање на соработката. Делегацијата на нашата земја имаше состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе, како и со директорката за Европа и Централна Азија на Меѓународната финансиска корпорација, Вибке Шломер, информира Народната банка за активностите на гувернерката на Годишните средби на ММФ и Светска банка кои завршуваат денеска.  

ReplyForward


Поврзани содржини

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI
08/10/2026 12:10
(Во живо) Прес-конференција на министерката за финансии, Димитриеска Кочоска за новиот ребаланс на Буџетот
08/10/2026 12:10
Вол Стрит: Индексите паѓаат, притисокот врз обврзниците расте
08/10/2026 11:10
Петрова за Коридорот 8: Правиме се да го испочитуваме рокот
08/10/2026 10:10

Черчил и други личности ќе исчезнат од британските банкноти, ќе бидат заменети со кукувица, бумбар, морски папагал…
08/10/2026 10:10
Развојот на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање, вели Николоски
08/10/2026 10:10
Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада
08/10/2026 08:10
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население
08/10/2026 08:10

Најчитани


  • „Херојски“ пилот, водоводџија и стоматолог меѓу оние што го спасија летот на „Флајдубаи“ до Израел
    01/10/2026 15:53
  • БГНЕС: Мицкоски направи историски гаф, ги помеша датумите за враќањето на Гоце Делчев
    03/10/2026 15:36
  • Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на Лајен
    04/10/2026 10:42
  • Патетика од Бугарија: Македонските функционери ќе мораат да му се поклонуваат на Самоил кога ќе одат во Софија
    03/10/2026 13:08
  • Кос му предложи на Советот на ЕУ да ги укине ветата во процесот на проширување
    06/10/2026 17:40
  • Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер влезе во надзорниот одбор на рускиот огранок на „Глобус“
    02/10/2026 17:30

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење