Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Подготвени да ја покажете својата уникатна страна, претставете ги своите најголеми потенцијали: срцето чука побрзо и имате многу поводи за славење и страсни средби. Дозволете си го тој луксуз и бидете она што сте: изразете им ја својата љубов на саканите и покажете им дека не сте копија: признајте ја својата индивидуалност! Среќа. БИК: […]

Северина на Викенд Медиа Фестивал во Ровињ: Како  дигитализацијата влијае на музичките трендови?


Хрватска- Северина, Тончи Хуљич, Раста и Рексона ќе дискутираат за вртоглавата популарност на новите жанрови домашна музика и како влијаат дигиталните платформи на трендовите во музиката на 12. издание на Викенд Медиа Фестивал кој ќе се одржи од 19. до 22. септември во Ровињ. Покрај интересните предавања и провокативните и конструктивни дискусии за трендовите во […]

На 18 септември на „Монструм“ ќе се слушаат „бомбите“ од СЈО


На 18 септември продолжува судењето за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Судијата Огнен Ставрев денеска прочита дел од материјалните докази, а поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева за неколку дена да биде јасна, за наредното рочиште најави дека ќе се […]

Од утре попладне дожд и грмежи


Од утре попладне и во наредните денови државата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи. Синоптичарите за сабота најавуваат на места поинтензивни процеси во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Три дена музика со 26. издание на фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“


Со фолк вечерта и настап на реномирани изведувачи на новокомпонирана народна музика вечерва во Охрид започнува годинешното, 26-то по ред издание на Меѓународниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“. Во официјалниот дел од програма вечерва на сцената поставена на Кејот „Македонија“ ќе настапат 18 познати домашни интерпретатори на народни песни, додека за неофицијалниот дел […]

Принцезата Шарлот тргна на училиште


Англија- Принцезата Шарлот цврсто ја држеше мајка си за рака, додека принцот Џорџ лежерно одеше до својот татко, на првиот училишен ден. Принцот Вилијам и сопругата Кејт ги испратија двете дечиња во училиштето Thomas’s Battersea во Лондон, облечени во школска униформа, додека родителите беа одлично стилизирани. Кејт одбра цветен миди фустан, додека Вилијам играше на […]

ТАВ Македонија ја прими наградата од ACI за квалитетот на услугите на скопскиот аеродрoм


Меѓународниот аеродром Скопје ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (Airport Service Quality Award–ASQ) за 2018 година на свеченост во рамки на Глобалниот самит за искуство на клиентите на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI)ACI, кој се одржа во Бали од 2 до 5 месецов. Анџела Гитенс, генерален директор на ACI World, му […]

Филмот “Ad Astra” со Бред Пит пристигнува во домашните кина на 19 септември


Пристигна новиот трејлер за еден од најисчекуваните филмови оваа година „Ад Астра“ со Бред Бит. На ова патување на самиот раб на соларниот систем, Рој (Бред Пит) ќе открие тајни кои го доведуваат во прашање човечкото постоење, како и нашето место во вселената. Овој научно фантастичен трилер е сместен во иднината, а Рој ќе се […]

Контингент на Армијата ќе учествува на вежбата „Syber Junction 19”


Во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, денеска ќе се одржи церемонија на упатување на контингент на Армијата на Република Северна Македонија на вежбата „Syber Junction 19”. На церемонијата по тој повод  ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик началникот на ГШ, генерал мајор, Азим Нуредин и заменик шеф на мисијата на САД, Џенифер […]

Армани ја разубави Мостра: Глобалните амбасадорки со нов кармин


Италија– Брендот Армани кој е освен со облеката е лидер на модната сцена и со козметиката, ја промовираше новата линија на кармини, на црвениот килим на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, како еден од спонзорите. Глобалните амбасадорки на „Армани“ Кејт Бланшет, Мадисин Риан, Грета Феро, Сара Сампајо и Барбара Палвин позираа со новите кармини „Лип […]

Актерот Висар Вишка е назначен за нов в.д. директор на театарот во Гостивар


Актерот Висар Вишка е поставен за нов в.д. директор на театарот во Гостивар. Вишка е дипломиран актер на факултетот за драмски уметности во Скопје. Вишка, кој изминативе години глуми во повеќе балкански и европски телевизиски и филмски проекти, беше вработен во Македонскиот народен театар (МНТ), а беше и советник на претходниот министер за култура Асаф […]

Надал во полуфинале на УС опен


САД– Шпанецот Рафаел Надал го надигра Аргентинецот Диего Шварцман во четвртфиналето на УС опен и си обезбеди место во големата четворка на годинашното издание на њујоршкиот Грен слем. Во меч што траеше речиси три часа вториот носител на турнирот, Надал ноќеска победи без изгубен сет. Првиот го доби со 6:4, вториот со 7:5, додека најубедлив […]

Папата Франциск: Чест ми е што ме напаѓаат Американците


САД- Папата Франциск во кус разговор со еден француски новинар изјави дека е почестен со критиките од страна на конзервативните католици во САД. – За мене е чест што ме напаѓаат Американците, изјави папата пред Николас Сенез од католичкиот весник „Кроа“ кој напиша книга за тоа како САД сакаат да менуваат папи. Кога Сенез во […]

Пратениците зад затворена врата ќе решаваат за Јанева


Собраниската Комисија за избори и именувања денеска зад затворена врата ќе расправа по извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако Советот го отфрли барањето на претседателот на Комисијата Илија Димовски да го декласифицира материјалот, а за тоа дали ќе се расправа на затворена или отворена за јавноста […]

Септември – светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети


Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели „Хема“ го одбележува септември, светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети. За таа цел денеска ќе се одржи прес-конференција на која е најавено дека ќе се обратат заменик- министерот за здравство Асим Муса, доктор Оливер Каранфилски од Универзитетската клиника за […]

Делегација на Венецијанската комисија во Скопје на разговори за Законот за јазиците


Делегација на Венецијанската комисија денеска ќе престојува во земјава, каде ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците. Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, […]

Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро


Точно десет години се навршуваат денеска од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија. На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски […]

Сончево уште денеска, од утре попладне дожд и грмежи


Сончево со мала до умерена облачност ќе биде уште денеска, а веќе од утре и за време на викендот во попладневните часови ќе преовладува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура денеска се движи од седум до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 7. Во Скопје, […]

Предметите на СЈО се селат во ЈО


На 10 дена пред истекот на мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, предметите од СЈО со нејзино полномошно се селат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје известувањето од Катица […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба да бидете порезервирани: ако самите си стварате митови, со време ќе научите дека тие не ѝ одговараат на вашата совршена замисла. Оладете се малку и најдете време за себе, не придавајќи им преголема важност на секојдневните случки: работите се поедноставни отколку што изгледаат. Одморете се. БИК: Се чини дека се будите […]