Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија

Албанија– Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Северна Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер.

Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

– Европа треба да се соочи со својата албанофобија!, додаде Сорос.

Тој на неговиот статус ја постави и реакцијата на комесарот Јоханес Хан кој пишува: „И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на две земји, многумина со право се надеваа на позитивна одлука. ЕУ е таа која потфрли поради внатрешните проблеми. Ова го поткопува кредибилитетот на ЕУ“.

Реакцијата на младиот Сорос, кој не ретко ја посетува Албанија и постира фотографии со премиерот Еди Рама, ја пренесува тиранската телевизија Топ канал, додавајќи дека колебливоста на Европската унија да започне разговори за членство со Албанија и Северна Македонија била критикувана од многу истакнати европски личности.