Фестивал на грчки филм и култура во Скопје


Од четврток (24 октомври) до недела, во кино „Милениум“ и во клуб ресторанот на МКЦ ќе се одржува Фестивал на грчки филм и култура, под покровителство на Амбасадата на Грција во Македонија.

На отварањето, во 19,30, во фоајето на кино „Милениум“ поздравен говор ќе одржи и грчкиот амбасадор во Македонија, Димитрис Јанакакис.

Во четврток, од 20,30 часот, во кино „Милениум“ ќе биде прикажан филмот „Витез“ на режисерката Атина Цангари, в петок, од 18 часот ќе биде прикажан „Смак“ на Елијас Деметриу, а во 20 часот, познатиот грчки композитор и текстописец Фоивос Деливориас ќе одржи ексклузивен концерт на чиј репертоар ќе биде филмска музика од грчки филмови.

В сабота, од термините 18 и 20 часот се филмовите „Следна станица: Утопија“ и „Нејзина работа“. В недела на репертоарот на фестивалот се филмовите „Неправеден свет“ и „Поликсена“.