Центар им подели пакети со основни намирници на семејства со висок социјален ризик


Денеска, пред управната зграда на ЈП ПОЦ, Градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели пакетите со основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Центар.  Пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, веќе пет месеци во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно …

Центар им подели пакети со основни намирници на семејства со висок социјален ризик Read More »

Барселона го замрзна трансферот на Гризман


Барем привремено стопиран е трансферот на напаѓачот на Атлетико во Барселона, Антоан Гризман, објави шпанска „Марка“. Спорни се висината на трансферот која се проценува на 120 милиони евра, а платата на играчот – 17 милиони евра годишно. Исто така, се шпекулира дека играчите на Барселона се против доаѓањето на францускиот напаѓач. Минатата сезона Гриеман одигра …

Барселона го замрзна трансферот на Гризман Read More »

(Видео) Хрватски пратеник молчеше осум и пол минути на говорницата во Саборот


Пратеникот во хрватскиот сабор од редовите на партијата Жив ѕид, Иван Пернар денеска осум и пол минути стоеше и молчеше на собраниската говорница, откако беше предупреден дека може да дискутира само за темата што е на дневниот ред за расправа. Имено, Пернар наместо за договорот меѓу Хрватска и ЦЕРН, кој беше на дневниот ред на …

(Видео) Хрватски пратеник молчеше осум и пол минути на говорницата во Саборот Read More »

Нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром


Во населбата Хиподром во општина Гази Баба денеска беше пуштен во употреба нов објект на основното училиште „Вера Јоциќ“, што ги заменува старите и дотраени бараки каде што учат околу 550 ученици. Изграден е на површина од 2.125 квадратни метри, со приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и библиотека.  Објектот е …

Нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром Read More »

Спасовски: Полицијата подготвена за спасувачки операции


– По повод Денот на полицијата во рамки на Алпинистичко-спасувачките показни вежби „Водно 2019“ денеска припадници на полицијата изведоа две показни вежби на падините на средно Водно, со што ја прикажаа подготвеноста за спасувачки операции. Во рамки на активностите беше изведена спасувачка акција на заглавени патници во кабини на жичница со примена на алпинистички техники, специјална опрема …

Спасовски: Полицијата подготвена за спасувачки операции Read More »

Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред


Министерот за финансии Драган Тевдовски е задоволен од Изештајот за напредокот на земјата на Европската комисија во кој, како што оценува, јасно се потенцира дека МФ во соработка со ММФ, Светска банка, ЕК и ЕУ спроведе реформи со кои е подобрен системот на јавните финансии. -Во извештајот се јасно потенцирани клучните реформи што се направени …

Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред Read More »

Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи


Премиерот Зоран Заев очекува датумот за почеток на преговорите со Европската унија земјава да го добие летово. Смета дека тоа е реална опција ако извештајот на ЕК за напредокот помине во националните парламенти на државите членки. Вели дека само доколку националните парламенти на земјите членки не успеат во тоа, одлуката за добивање датум за преговори …

Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи Read More »

Заев нема да преговара за двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски


Премиерот Зоран Заев нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што, како што рече, пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон. – За мене не е само банално, туку и смешно да се …

Заев нема да преговара за двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Николовски: Кадровската смена нема да се одрази на реформите и работата


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој со најавената реконструкција на Владата ќе ја напушти министерската функција откако неодамна беше поставен за генерален секретар на владејачката СДСМ, вели дека кадровската смена нема да се одрази на реформите и активностите во ресорот каде смета дека работите се добро поставени, изграден е сериозен систем и …

Николовски: Кадровската смена нема да се одрази на реформите и работата Read More »

Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“


Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, пренесе 1ТВ. Ова на денешното судско рочиште го откри обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој од судечкиот совет побара на обвинетиот Груевски повторно да му биде одреден притвор. – Повторно бараме …

Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“ Read More »

Хрватска: Мај најстуден во изминатите 30 и најдождлив во 60 години


Мај оваа година е најстуден мај во изминатите 30 години и со најмногу дождливи денови во последните 60 години во Хрватска. Тоа го тврди метеорологот Дуња Мазочо Дрвар. Воедно, тоа е трет најстуден мај во изминатите 70 години, изјави таа за Ер-Те-Ел. – Имавме овој мај само 60-на отсто во просек сончеви денови, па не …

Хрватска: Мај најстуден во изминатите 30 и најдождлив во 60 години Read More »

Џафери: За мандатот на Груевски пратениците ќе расправаат меѓу 10 и 15 јуни


Седницата на која ќе се разгледува предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски најверојатно ќе се најде на собраниска седница меѓу 10 и 15 јуни, брифираше денеска собранискиот спикер, Талат Џафери. Џафери рече дека на истата седница би можело да се расправа и по предлогот за реконструкција на …

Џафери: За мандатот на Груевски пратениците ќе расправаат меѓу 10 и 15 јуни Read More »

Анкета: 70 отсто Германци сметаат дека наследничката на Меркел не е способна за функцијата канцелар


Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својот наследник на функцијата претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и можна наследничка, Анегрет Крамп-Каренбауер. Таа во изминатите денови предизвика негативни реакции за јавното коментирање за активистите за интернет, додека германските граѓани изразуваат сериозно сомневање во нејзината способност да биде достоен наследник на канцеларката во заминување. Според анкета …

Анкета: 70 отсто Германци сметаат дека наследничката на Меркел не е способна за функцијата канцелар Read More »

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата


Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари. Целта на овој проект,соопштија денеска од Општина Аеродром, е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. – На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година …

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата Read More »

Заев: Тамара и тимот станаа херои и глас за гордоста со која жените се борат за своите права


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ја прими Тамара Тодевска и комплетниот авторски и сценски тим на Северна Македонија што годинава настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел. Премиерот им додели плакета како знак за признание за добиеното прво место од гласањето на стручното …

Заев: Тамара и тимот станаа херои и глас за гордоста со која жените се борат за своите права Read More »

Македонците слабо плаќаат со картички на интернет


Народната банка ја објави Годишната информација за плаќањата во земјава во 2018 година. Во Информацијата се анализираат состојбите во платниот промет и платните инструменти во земјава со споредбен осврт на клучните показатели со показателите на ниво на Европската Унија (ЕУ). Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво …

Македонците слабо плаќаат со картички на интернет Read More »

(Фото) Сава се излеа во Загреб


  Реката Сава која тече низ главниот град на Хрватска, Загреб се излеа од коритото по деноноќните врнежи од дожд јави Index.hr. На Сава во Загреб се воведени мерки за одбрана од поплава. Мерки за одбрана од поплава се воведени уште на неколку реки во Хрватска.

ЕП не го пушти да влезе Пуџдемон, иако е избран за европратеник


На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било овозможено  да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел. Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право …

ЕП не го пушти да влезе Пуџдемон, иако е избран за европратеник Read More »

Мексико: Судар на автобус со аџии и камион, 21 мртов


Најмалку 21 лице загинаа и околу 30 се повредени во судар на автобус и камион во државата Веракруз на истокот на Мексико, соопштија локалните власти. Деветнаесет луѓе загинале веднаш, а уште двајца им подлегнале на повредите во болница, вели началничката на цивилната заштита Гвадалупе Осорно. Автобусот превезувал аџии.

Кнесетот се самораспушти, нови избори во Израел на 17 септември


Израелскиот Парламент се самораспушти и закажа нови парламентарни избори за 17 септември. Кнесетот гласаше оваа ноќ за своето самораспуштање со 74 гласови „за“, а 45 „против“ по иницијатива на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не успеа да формира владина коалиција по парламентарните избори во април. Организирањето на вторите парламентарни избори во рок од …

Кнесетот се самораспушти, нови избори во Израел на 17 септември Read More »