Хрватска: Мај најстуден во изминатите 30 и најдождлив во 60 години

Мај оваа година е најстуден мај во изминатите 30 години и со најмногу дождливи денови во последните 60 години во Хрватска. Тоа го тврди метеорологот Дуња Мазочо Дрвар.

Воедно, тоа е трет најстуден мај во изминатите 70 години, изјави таа за Ер-Те-Ел.

– Имавме овој мај само 60-на отсто во просек сончеви денови, па не чуди фактот што кожата уште не успеала да се навикне на овогодишното сонце, додаде Мазочо Дрвар.