Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“

Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, пренесе 1ТВ.
Ова на денешното судско рочиште го откри обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој од судечкиот совет побара на обвинетиот Груевски повторно да му биде одреден притвор.
– Повторно бараме на Груевски да му биде одреден притвор, според член 165, став 1, точка 1, од Законот за кривична постапка, бидејќи тој веќе еднаш избега, па постои ризик тоа да го направи и во иднина. – рече обвинителот Рустеми.
Адвокатот Мехмед Сефери, кој на Груевски му беше поставен по службена должност, беше краток и само рече дека останува на претходните жалбени наводи.
На денешното рочиште за „ТНТ“ се испрашуваат сведоци предложени од одбраната.