Мексико: Судар на автобус со аџии и камион, 21 мртов


Најмалку 21 лице загинаа и околу 30 се повредени во судар на автобус и камион во државата Веракруз на истокот на Мексико, соопштија локалните власти.
Деветнаесет луѓе загинале веднаш, а уште двајца им подлегнале на повредите во болница, вели началничката на цивилната заштита Гвадалупе Осорно.
Автобусот превезувал аџии.