Апелација ја потврди затворската казна од 7,5 години за дедото на Тамара


Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда од седум и пол години затвор за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.   Стојановски разочаран од здравствениот систем, на 1 јуни 2017 година пукаше во министерот Никола Тодоров, откако неговата внука Тамара, во 2015 година почина чекајќи одобрување финансиски средства …

Апелација ја потврди затворската казна од 7,5 години за дедото на Тамара Read More »

(Фото) Црногорците се пошегуваа на своја сметка: „Сите на акција. Не плашете се, не е работна“


Реклама на една продавница од Подгорица, Црна Гора со својата порака и фотографија го насмеа регионот, но предизвика и многу шеговити коментари на социјалните мрежи. Рекламата е за актуелно намалување на цените, а продавницата ги повикува граѓаните на акција, но нагласува дека не е работна. Корисниците на социјалните мрежи се насмеаја на овој маркетинг, но …

(Фото) Црногорците се пошегуваа на своја сметка: „Сите на акција. Не плашете се, не е работна“ Read More »

ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Сарај


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 20-та седница донесе одлука да  поведе иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети поради тоа што не одговорил на барањата за легализирање на дивоградби од времен карактер на Матка, а до Владата и до Министерството за транспорт и врски ќе испрати препораки …

ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Сарај Read More »

Во САД прогласена петдневна жалост после пукотниците во Ел Пасо и во Дејтон


Државните знамиња во американската престолнина и низ целата земја од синоќа се спуштени на половина копје поради масовните пукотници што за време на викендот се случија во Ел Пасо, Тексас и во Дејтон, Охајо, при што загинаа 29 лица. Поради трагичните настани американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи петдневна жалост во САД. – Нашата земја …

Во САД прогласена петдневна жалост после пукотниците во Ел Пасо и во Дејтон Read More »

Антикорупциска ги разгледува тендерот на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка


Антикорупциската комисија денеска соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Антикорупционерите ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, …

Антикорупциска ги разгледува тендерот на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка Read More »

(Видео) Заев: Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“


Премиерот Зоран Заев имаше видео обраќање пред јавноста во врска со новиот предлог-закон за Јавно обвинителство. Ви го пренесуваме обраќањето во целост: „Почитувани граѓани, Сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за јавното обвинителство. Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите …

(Видео) Заев: Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“ Read More »

Комисија: Нема докази дека бугарскиот претседател имал судир на интереси


Бугарската Комисија за борба против корупција и незаконски стекнат имот заклучи дека претседателот Румен Радев немал судир на интереси, со што ја заврши процедурата против него. Комисијата постапи по пријава дека Радев ја злоупотребил службената положба додека бил командант на воздухопловните сили, договарајќи две работни места за својата идна сопруга, иако едно од нив било …

Комисија: Нема докази дека бугарскиот претседател имал судир на интереси Read More »

Гинеколози од болниците ќе работат и како матични


За да се надмине проблемот со недостиг на гинеколози во земјава, затоа што речиси половина држава нема гинеколози, во ситуација кога во следните пет години третина од нив ќе заминат во пензија, гинеколозите од болниците ќе работат и како матични гинеколози. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека повеќе пати било разговарано со претставници на …

Гинеколози од болниците ќе работат и како матични Read More »

Полицијата со „нула“ толеранција за пукањето на свадби


Секторот за внатрешни работи Тетово најавува засилени контролни и репресивни активности за откривање и законско санкционирање на „пукањата“ на прослави и приредувањето огномети без одобрение. За да се справи со појавата на неконтролирано пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства, неовластено приредувајќи огномети, СВР Тетово „сврти друг лист“ и најави децидно спроведување на законските …

Полицијата со „нула“ толеранција за пукањето на свадби Read More »

Први се укинуваат квотите во аптеките во туристичките места, наесен во целата држава


Во август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен, а тоа значи дека за секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, тој ќе биде реализиран од страна на Фондот. На овој начин почнува укинувањето на квотите во сите аптеки …

Први се укинуваат квотите во аптеките во туристичките места, наесен во целата држава Read More »

Општина Аеродром ангажира 13 лица за општинско-корисна работа


Општина Аеродром денеска објави јавен повик за ангажирање 13 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и четврорица помагатели на стари лица. Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ …

Општина Аеродром ангажира 13 лица за општинско-корисна работа Read More »

Грабар-Китаровиќ индиректно најави кандидатура за уште еден мандат


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска од Книн индиректно најави кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата. – Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече Грабар-Китаровиќ пред новинарите на одбележувањето на годишнината од „Бура“. Претходно, и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура …

Грабар-Китаровиќ индиректно најави кандидатура за уште еден мандат Read More »

Улицата „Московска“ доби нов асфалт


Проектот за целосна реконструкција на улицата „Московска“ влегува во завршна фаза. Со овој проект се врши реконструкција на улицата на потегот од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“, во вкупна должина од 690 метри. Како што соопшти денеска Град Скопје, најголемиот дел од градежните работи …

Улицата „Московска“ доби нов асфалт Read More »

Почина поранешниот одбојкар на Работнички, Модев


На 43 годишна возраст почина Христо Модев, еден од најдобрите одбојкари што некогаш играл во нашето првенство. Со своите 217 сантиметри беше страв и трепет за противничките играчи. Овој играч ја почна кариерата во ЦСКА и Славија, а потоа остави силен печат на кариерата во Работнички. Долго време тој беше трет највисок одбојкар во светот. …

Почина поранешниот одбојкар на Работнички, Модев Read More »

Најмалку седуммина починати од топлотен бран во Јапонија


Најмалку седум лица починаа како поседица на високите температури во Јапонија, меѓу кои има и едно бебе од градот Тојама, кое неколку часа било оставено во автомобил на паркинг. Јапонија е зафатена од извонредно жежок топлотен бран, а температурата се искачува и до 38 степени целзиусови, пишува денеска весникот „Јапан Тудеј“ Во Агеа, северно од …

Најмалку седуммина починати од топлотен бран во Јапонија Read More »

Чивнинг стипендии на британската влада


  Во периодот од 5 август до 5 ноември 2019 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2020/2021 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply. Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на едно годишни магистерски студии на кој било …

Чивнинг стипендии на британската влада Read More »

Дуа Липа во британската резиденција во Приштина


Косово- Поп-ѕвездата Дуа Липа, помина едно попладне во амбасадата на Велика Британија во Приштина. Липа таму се сретна со уметници и креатори, волонтери и активисти со цел да донесат промени во Косово преку музиката, уметноста и културата. Дуа Липа е родена во Лондон, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во …

Дуа Липа во британската резиденција во Приштина Read More »

Анкета: Мнозинството Шкоти поддржуваат независност


Вкупно 46 отсто од анкетираните Шкоти би гласале за независност од Обединетото Кралство, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено по барање на лорд Мајкл Ашкроф, што е прво поголемо испитување на јавното мислење од март 2017 година. Од 1.019 испитаници, наспроти 46 отсто кои се „за“, „против“ би гласале 43 проценти. Исклучувајќи ги …

Анкета: Мнозинството Шкоти поддржуваат независност Read More »

Дете прегазено со трактор, со тешки повреди пренесено во болница


Четиригодишно дете е тешко повредено откако паднало од приколка и било прегазено од трактор. Несреќата, информираат од МВР, се случила во беровско Двориште вчера околу 15.30 часот. –Пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало …

Дете прегазено со трактор, со тешки повреди пренесено во болница Read More »

Масовните оружени напади поттикнаа политичка дебата во САД


Двата масовни оружени напада во САД, во кои за 24 часа се убиени 29 лица, ја поттикнаа политичката дебата во земјата за контрола на оружјето, а некои демократски претседателски кандидати го обвинија шефот на државата Доналд Трамп за предизвикување расни поделби, а пак тој порача дека „омразата нема место во САД“. Нападот во Ел Пасо …

Масовните оружени напади поттикнаа политичка дебата во САД Read More »