Дете прегазено со трактор, со тешки повреди пренесено во болница


Четиригодишно дете е тешко повредено откако паднало од приколка и било прегазено од трактор.


Несреќата, информираат од МВР, се случила во беровско Двориште вчера околу 15.30 часот.


–Пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало и било прегазено со десното тркало, информираат од МВР.


Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување на лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.