Улицата „Московска“ доби нов асфалт


Проектот за целосна реконструкција на улицата „Московска“ влегува во завршна фаза. Со овој проект се врши реконструкција на улицата на потегот од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“, во вкупна должина од 690 метри.

Како што соопшти денеска Град Скопје, најголемиот дел од градежните работи на улицата се завршени и останува уште да се изведе поврзувањето со булеварот „Партизански одреди“ кое треба да заврши деновиве, како и да се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Со овој проект ќе се извади стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт на површина од околу 9.000 квадратни метри.

За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 8,2 милиони денари со пресметан ДДВ.