Почина поранешниот одбојкар на Работнички, Модев



На 43 годишна возраст почина Христо Модев, еден од најдобрите одбојкари што некогаш играл во нашето првенство.
Со своите 217 сантиметри беше страв и трепет за противничките играчи. Овој играч ја почна кариерата во ЦСКА и Славија, а потоа остави силен печат на кариерата во Работнички.
Долго време тој беше трет највисок одбојкар во светот. Играше за бугарската репрезентација, а имаше и обид тој да заигра и за македонската меѓутоа Федерациите не го договорија трансферот.