Дуа Липа во британската резиденција во Приштина


Косово- Поп-ѕвездата Дуа Липа, помина едно попладне во амбасадата на Велика Британија во Приштина. Липа таму се сретна со уметници и креатори, волонтери и активисти со цел да донесат промени во Косово преку музиката, уметноста и културата.
Дуа Липа е родена во Лондон, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години.
Во 2015 година, Липа почна да работи на нејзиниот деби албум, а во август 2015 година го издаде својот прв сингл „Нова љубов”, по кој следеше и „Биди оној”. Токму вториот сингл „Биди оној” постигна успех низ цела Европа, стана број еден во Белгија, Полска и Словачка, а влезе и на топ 10 листите во повеќе европски земји.
Липа го опишува својот музички стил како „темно поп”.