Антикорупциска ги разгледува тендерот на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка


Фото: Б. Грданоски
Антикорупциската комисија денеска соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Антикорупционерите ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, а ќе поведат постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка.
По увидот на лице место и увидот во  целокупната документација,  Комисијата утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.