Во Србија стабилно опаѓа бројот на новозаразени, денеска 77


Во Србија во последните 24 часа тестирани се 7.848, од кои 77 биле позитивни на корона вирус. Во истиот период починаа двајца пациенти. До денеска во Србија се тестирани вкупно 974.411 лица кои ги исполнувале критериумите. На респирато се 38 пациенти, а во болница 68. Вкупно досега од Ковид-19 починаа 723 лица.

Уште два потврдени случаи на Ковид-19 во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос


Позитивни на Ковид-19 се уште двајца мигранти во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, кои биле сместени во близина на шаторот на 40-годишниот бегалец од Сомалија кој беше првиот потврден случај, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Прифатниот центар од средата е во карантин, а Националната организација за јавно здравје на …

Уште два потврдени случаи на Ковид-19 во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос Read More »

Во Босна и Херцеговина нови 296 заразени од корона вирус


  Во Босна и Херцеговина денеска од полседиците на Ковид-19 починаа 12 пациенти, а регистрирани се нови 296 заразени со корона вирус. Во Федерацијата тестирани се 945 од кои 227 се позитивни. Досега се тестирани вкупно 125.888, а корона вируст е потврден кај 13.421 лица. До денеска, во Федерацијата излечени се 9.639 пациенти, а активни …

Во Босна и Херцеговина нови 296 заразени од корона вирус Read More »

Шилегов: Во Скопје има околу 140 дивоградби, но Градот нема ингеренции


Градот, за жал, нема ингеренции за дивоградбите, како што неколку пати сум кажал. Анализата покажува дека има околу 140 објекти на територијата на целиот град. Јас само повикувам сите институции да си ја работиме својата работа во рамки на своите обврски, изјави градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на реконструкцијата на бул.„Александар …

Шилегов: Во Скопје има околу 140 дивоградби, но Градот нема ингеренции Read More »

Запленети 15 кг хашиш и 33 кг марихуана во прилепско, приведени тројца дилери


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера, околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени …

Запленети 15 кг хашиш и 33 кг марихуана во прилепско, приведени тројца дилери Read More »

Почна реконструкција на бул. „Александар Македонски“ на источниот влез во Скопје


Град Скопје почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба во делот на источниот влез во главниот град, откако минатата година беше реконструиран и западниот. Должината е 5,3 километри – од клучката кај Хиподром до крстосницата кај Скопски саем во Автокоманда. -Ова е еден извонреден потег, поголем од пет километри. Ги замолувам граѓаните …

Почна реконструкција на бул. „Александар Македонски“ на источниот влез во Скопје Read More »

Косово нема да ги олеснува меркитe против Ковид-19 во наредните недели


Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека мерките за борба против ширењето на епидемијата на Ковид-19 во земјата нема да се олеснуваат во наредните неколку недели, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите по денешната седница на Комитетот за координација за проценка на состојбата со Ковид-19, Земај рече дека мерките …

Косово нема да ги олеснува меркитe против Ковид-19 во наредните недели Read More »

Дендиас: Преговори со Турција само откако ќе се повлечат турските бродови од грчкиот континентален гребен


Случувањата во Источниот Медитеран и потребата за деескалација на тензијата од страна на Турција, биле во фокусот на денешниот телефонски разговор на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како што соопштија, преку „Твитер“, од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас, вчера …

Дендиас: Преговори со Турција само откако ќе се повлечат турските бродови од грчкиот континентален гребен Read More »

Четири месеци ќе се реконструираат паркиралиштата во населбата Јане Сандански


Најфрекврентниот паркинг во Општина Аеродром се реконструира, а поправката ќе трае четири месеци. „Со задоволство можам да го означам почетокот на реконструкцијата на овој паркинг кој се протега по должината на булеварот Јане Сандански, почнувајќи од ООУ Ѓорѓија Пулевски, па се до раскрсницата со булеварот Србија“, изјави денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Станува …

Четири месеци ќе се реконструираат паркиралиштата во населбата Јане Сандански Read More »

Во Хрватска нови 311 заразени, двајца починаа


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во последните 24 часа во земјата има нови 311 заразени со корона вирус, а двајца починале. Тестирани биле 3.939. Во Хрватска во моментот има 2.771 активни случаи, а од нив 285 се на болничко лекување. На респиратор се 19 луѓе. Од почетокот на пандемијата во …

Во Хрватска нови 311 заразени, двајца починаа Read More »

Екологисти блокираа пристап до британски печатници на весници


Активисти на британско здружение за борба против климатски промени, во знак на протест го блокираа пристапот до три печатници во Британија затоа што, како што тврдат, весниците отпечатени во нив не известуваат за вонредната еколошка и климатска состојба. Печатниците се во сопственост на медиумскиот магнат Руперт Мардок, а поради блокадата дистрибуцијата на неколку весници од …

Екологисти блокираа пристап до британски печатници на весници Read More »

Помен за загинатите во бродската несреќа на Охридското Езеро


Со откривање на новиот споменик и положување цвеќе пред спомен-плочата до самиот паметник денеска беше одбележана 11-годишнината од трагичниот настан што се случи на Охридското Езеро, кога при потонување на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи –  државјани на Република Бугарија. – На секој 5 септември се собираме да оддадеме почит на 15-те бугарски …

Помен за загинатите во бродската несреќа на Охридското Езеро Read More »

Во сите градови има заразен од корона вирус


Во земјава нема град без активни случаи на заболени од Ковид-19 покажуваат последните податоците на Институтот за јавно здравје. Изминатите недели Крушево, Ресен и Валандово, фиргурираа како градови без ниту еден заразен, односно сите претходно заразени, беа оздравени. Последниот извештај покажува дека  во Крушево и во Ресен има по еден заболен, а во Валандово двајца …

Во сите градови има заразен од корона вирус Read More »

Еколошки организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина


Еколошките организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина. Според нив Петровска е пример за државен функционер со интегритет и професионализам. Тие бараат од премиерот Зоран Заев да ја задржи Петровска на функцијата државен секретар во Министерството, зошто, како што велат нејзината замена ја гледаат како чекор назад. „ Петровска …

Еколошки организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина Read More »

Со возило излетал од патот, возачот тешко повреден


Во петокот, во 20.30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за село Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известене јавен обвинител, …

Со возило излетал од патот, возачот тешко повреден Read More »

Санкционирани 475 лица за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 475 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Габер-Дамјановска: За влакно избегнав смрт, ќе ме прегазеа на пешачки


Директорката на Академијата на судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска , на својот Фејсбук профил објави дека денеска за влакно избегнала смрт. „Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој ПРЕТЕКНУВАШЕ други возила со огромна брзина на самиот ПЕШАЧКИ пред молот Рамстор. Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, …

Габер-Дамјановска: За влакно избегнав смрт, ќе ме прегазеа на пешачки Read More »

Рекордни бројки во Франција: Речиси 9.000 новозаразени за еден ден


Во Франција денеска потврдени се 8.975 новозаразени со Ковид-19, што е дневен рекорд откако корона вирусот почна да се шири во оваа западноевропска држава. Бројот на пациенти во болниците расте веќе шест дена по ред, и во моментот хоспитализирани се 4.671 луѓе, што е далеку под црниот рекорд од над 32.000 во април. Според последните …

Рекордни бројки во Франција: Речиси 9.000 новозаразени за еден ден Read More »

Борко Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата


Вардар ќе има шанса да ја брани титулата во регионалната ракометна Сеха лига, откако вечерва на пенали го победи ППД Загреб со 30:29. „Црвено-црните“ се наоѓаа пред пораз, но во последните десетина минути на сцена стапи голманот Борко Ристовски кој спречи неколку чисти погодоци на противникот, а во пенал серијата одбрани два удари и го …

Борко Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата Read More »

Австрија воведе „корона-семафор“ – Виена, Грац и Линц во „жолто“


  Австрија воведе таканаречен корона-семафор, кој на локалните власти треба да им овозможи да воведат специфични мерки против корона вирусот во претстојната зимска сезона. По официјалниот почеток во Виена, Грц и Линц и во округот Куфстеин, системот покажал „жолто“. Степенот на зараза се движи од зелено (низок ризик) преку жолто и портокалово до црвено (висок …

Австрија воведе „корона-семафор“ – Виена, Грац и Линц во „жолто“ Read More »